17 Декември, 2025
0.0920

Атрактивна или не, странските инвеститори итаат кон Македонија

Објавено во: Економија 24 Август, 2013 15:28

Добивај вести на Viber

Во земјава ќе инвестрираат осум компании од автомобилската индустрија најавува Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо и додава дека тие веќе добиле локации за работа. Во интервју за порталот Курир, Мизо вели дека во услови на економска криза, кога пазарот на автомобилската индустрија во Европа трпи многу негативни влијанија, Македонија останува конкурентна и привлекува инвестиции. „Она што ние го нудиме, не само што е поконкурентно од локации во Западна Европа, туку многу повеќе од тоа, стануваме поконкурентни од земјите во Централноисточна Европа“, вели Мизо. Како голем придобивка за него е тоа што во иднина инвестициите ќе се реализираат и во другите градови, што ќе придонесе за поголем регионален развој. Наското, додава тој, ќе стигне потврда од неколку компании кои одлучиле Македонија да биде нивната следна дестинација, две од областа на медицинска опрема,  потоа компаниите од автомобилската индустрија од САД и и поголем број на други компании од различни земји со кои есенва ќе се знае дали ќе вложат кај нас. Македонија, вели Мисо,  е во еден круг од две до три земји меѓу кои овие компании сега бираат и треба да донесат конечна одлука. „Според последните податоци од НБРМ во првите пет месеци од годинава имаме влез на странски инвестиции кој е за малку поголем од вкупниот број на инвестиции кои ги имавме во текот на минатата година. Неколку од овие најавени инвестиции ќе започнат со градба во втората половина од годинава, но истовремено треба да се земе во предвид и завршетокот на инвестициите кои започнаа да се реализираат минатата година. Важно е да имаме повеќе инвестиции кои ќе креираат нови работни места и кои ќе допринесат до поголем извоз и поголема додадена вредност“, вели Мизо. Лоши вести за Македонија Големите очекувања на владините претставници сепак се косат со последниот извештај на ООН, објавен пред неколку дена каде Македонија од сите земји од регионот е посочена како најнеатрактивна за инвестирање што само ги потврди констатициите на домашната експертска јавност дека Македонија е ризична земја за инвестирање. Според податоците од годишниот извештај на Конференцијата за развој на Обединети нации (УНЦТАД) Македонија е на последно место по странските инвестиции за 2012 година од земјите во регионот. Извештајот на Конференцијата на ООН за развој (UNCTAD) покажува дека на прво место во регионот според странски инвестиции е Хрватска во која во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари, а на последно е Македонија до135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска. По Хрватска како успешна фигурира и Албанија која во 2012 година успеала да привлече 957 милиони долари а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиона. Како успешна во рамките на регионот се вброи и Црна Гора со 609 милиона долара во 2012. Србија која до скоро и беше најак конкурент на Хрватска падна на листата со само 352 милиона долара директни странски инвестиции. Косово со 298 милиона долара е на 134 место на листата на UNCTAD на која Македонија може да се види дури на 153 позиција. Оттука се поставува и прашањето, дали оваа есен, потенцијалните инвестиори кои сега разгледуваат каде да ги вложат своите пари, сепак ќе инвестираат во Македонија или во некоја поатрактивна земја на Блканот.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно