Ауди ја има најдобрата продажба во историјата?!
Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2014 18:23
Уште еден германски производител на луксузни автомобили оствари рекордна продажба во првата половина на 2014 година. Ауди во првото полугодие на купувачи ширум светот им испорачал 869.350 возила.
Компанијата на тој начин забележала раст на продажбата од 11,4 одсто во однос на резултатот кој е постигнат во истиот период во 2013 година.
Пораст на испорака е остварен и во јуни, и тоа за 10.8 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Во овој месец пласирани се 155.450 автомобили на марката Ауди.
Како што е случајот кај Мерцедес, за зголемување на продажбата најзаслужни се компактните модели. Продажбата на Ауди А3, кој во најновата генерација за прв пат има и лимузинска верзија, скокна во првата половина од годината дури за 49,4% и изнесуваше 144.750 единици.
Значајно зголемување на испораката остварил и Ауди Q3 (+37%).
На двата значајни светски пазари, северноамериканскиот и кинескиот, во јуни се посигнати одлични резултати.
Во Северна Америка се испорачани 20.158 автомобили (+21,2%), а во Кина, по прв пат продажба во еден месец, продадени се преку 50.000 Аудија (+14,1%).
Од почетокот на годината, само на пазарот на САД се продадени 84.349 автомобили (+13,6%), а до кинеските купувачи стигнале 268.666 возила со знакот на Ауди (+17,8%).
Продажбата во Европа исто така е порасната, па во текот на јуни се испорачани 69.250 возила (+6,4%), а во првата половина на годината 410.050 автомобили (+6,9%).
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“





