16 Декември, 2025
0.0433

АВСТРАЛИЕЦОТ СО МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ ЏИМ РИСТЕВСКИ ИМА ГОЛЕМО СРЦЕ - трет пат помага, сега собра 28 илјади долари за малиот Јаков

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2021 09:58

Добивај вести на Viber

Хуманоста некогаш доаѓа и од далеку, но сепак, од човек со наши корени. 

Џим Ристевски, австралијанец со македонски корени, за неполни два дена успеал да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари, за хемотерапија за двегодишниот Јаков.

Како што објавија дел од медиумите, познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеал да ја вклучи заедницата во Австралија за помош, и тоа за земјата од каде што потекнуваат неговите предци.

„Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијците. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме. Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам“, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари  за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Минатата година тој повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија. Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и нашата дијаспора. Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење