Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024
Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) полнел гориво донесено со канта на еден од скопските булевари, објави порталот 24 Инфо.
Како што може да се види од фотографијата на медиумот, вработени полнат резервоар на автобус на улица.
Фото: 24 ИнфоГраѓаните, наместо да добијат редовен и ефикасен превоз, сведочат на прекини во сообраќајот и „дотур“ на гориво како во времето на импровизации.
ЈСП претходно интервентно набави нафта од Пуцко Петрол за 2 милиони евра со претходна согласност од Бирото за јавни набавки. Договор за снабдување преку редовен тендер се уште не е постигнат.