Автомобил излета на патот Битола – Демир Хисар, а возачот загинал на лице место
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2022 12:34
Возач загина во тешка сообраќајка во битолско.
На патот Битола – Демир Хисар, на местото викано „Бели Мост“ пред селото Лисолај, автомобил „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од А.А.(46) од Битола, излетал од патот. Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал доктор од Итната помош. Полицијата соопшти дека Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола излегле на местото на несреќата. Деновиве сообраќајка со смртни последици имаше кај Градско, а загина жена од Србија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




