17 Декември, 2025
0.0480

Азески: Минимални штетите на компаниите од косовското ембарго

Објавено во: Економија 18 Септември, 2013 13:35

Добивај вести на Viber

Македонските компании мудро одиграле во текот на трговската блокада од Косово и затоа штетите се минимални, смета престедателот на Стопанска комора, Бранко Азески, кој денеска присуствуваше на отварањето на нова модернизирана производствена линија за битуменски ленти во фабриката БИМ Свети Николе.

- Можам да кажам дека македонските компании мудро одиграле. Значи играле во текот на блокадата со сопствени залихи се подготвиле за она што ќе настане по блокадата. Само некои фирми вклучиле партнери од соседните земји што ги покривале во тој период. Мислам дека не се работи за сериозни штети, вели Азески.

Тој забележува дека и покрај тоа што македонските комапнии биле мудри во текот на блокадата со Косово, сепак како што рече не треба да се повтори. Азески рече дека извештаите и цифрите кои ги разгледувал по блокадата со Косово покажуваат дека станува збор за минимални штети кои не можат да ја загрозат стабилноста на македонската економија.

Прашан дали Македонија излегува од рецисијата, Азески рече македонското стопанство пополека излегува од рецесија, а за тоа е потврда и отварањето на нови фабрики и производствени линии во градовите низ земјава.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди