Азири за Монструм го повлече исказот, рече сведочел под присила
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018 15:55
Обвинителката Фатиме Фетаи денеска на судењето за Монструм го распрашуваше обвинетиот Хаки Азири, кој во текот на истрагата сведочеше за тоа како се случило петкратното убиство, но подоцна се предомисли и кажа дека тогаш сведочел под присила.
Toj рече дека сега нема страв, се смени режимот и сега државата е послободна.
Својот исказ го започна со тврдењето дека исказот даден пред истражниот судија не важи, не важат ниту часовите, датумите, имињата, местата.
Обвинетиот Азири на почетокот на постапката имаше својство на заштитен сведок, но потоа го смени својот исказ и доби статус на обвинет.
Како што рече дека не сакал да прифати друг идентитет ниту да биде однесен во Холандија, туку побарал да биде изнесен пред судијата, да се потпише каде што треба затоа што многу се плашел. Пред судот тој тврдеше дека не знаел дека добил статус на заштитен сведок, туку само се грижел за својот живот и за животот на семејството.
Истата изјава што ја дал пред истражниот судија требало да ја каже и пред суд, но, како што рече, одлучил да го смени исказот по што добил статус на обвинет и денеска заедно со уште петмина обвинети му се суди за петкратното убиство.
Азири упорно се држи до тезата дека полицијата му ја подготвила изјавата, која тој ја даде за време на истрагата, односно кога посведочи за тоа како се случило петкратното убиство.
Тој го посочи името на Радникот како човекот со повисок полициски чин кај кого бил однесен во зградата во МВР, откако претходно бил држен во Кочани. како што рече, тој му рекол дека мора да ја потпише веќе подготвената изјава за убиството и пред судот да го каже тоа што го пишува на листот.
Притоа Фетаи му посочила слика на својот мобилен телефон од Радникот, односно од Љупчо Тодоровски поранешниот дитректор на БЈБ, а обвинетиот потврдил дека тој е таа личност, додавајќи дека тој е човекот што му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па затоа мора да се придржува до напишаната изјава.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




