Бачев: Tројца пратеници се заклучени во Собранието
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019 14:42
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев вели дека тројца пратеници се заклучени во Собранието каде е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон. Обвинува дека врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени.
Тој го повика Јавниот обвинител веднаш да дојде во Собранието бидејќи се случува државен удар, но и претседателот Ѓорѓе Иванов, бидејќи човек на американската служба, односно Стивенсон е присутен во Собранието и врши притисок врз пратениците.
„Имаме информации дека седницата е одложена бидејќи тројца пратеници не сакаат да ги прифатат барањата на БЕСА и одбиле да гласаат, сега тие тројца пратеници се заклучени во Собранието, каде што е дојден и Дејвид Стивенсон и врз нив се врши невиден притисок", изјави Бачев.
Група граѓани и покрај студното време и снегот и денеска излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
На протестот има членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира", „Христијанско братство", партијата „Единствена Македонија", „Твордокорни".
Уставните измени влегуваат во завршна фаза, за што народните избраници ќе треба да гласаат, а се потребни две третини.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски




