Бахреин со најголемо открите на нафтено и гасно поле во историјата
Објавено во: Свет 02 Април, 2018
Бахреин откри дека е најдено најголемо нафтено и гасно поле во историјата на таа мала држава на Заливот.
Официјалната агенција БНА ги цитираше властите кои проценуваат дека количината е „многупати’“ поголема од познатите резерви на Бахреин.
Постоечкото нафтено поле во Бахреин е само едно, како единствен депозит со резерви од само неколку стотици милиони барел сирова нафта.
Бахреин е најмал произведувач на нафта и гас меѓу шесте земји членки на Советот за соработка во Заливот, кој ги опфаќа
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар.