БАЈРУ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА ТРАМП НА ВЛАСТ: Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме доминирани
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2025
Тоа што Доналд Трамп стана нов претседател на САД, буди и пресимизам кај дел од политичарите во Европа.
Францускиот премиер Франсоа Бајру предупреди на ризикот Франција и Европската Унија (ЕУ), доколку не преземат ништо, да бидат „прегазени“ од најавената политика на американскиот претседател Трамп, кој денеска официјално стапи на функцијата.
„Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме доминирани. Ќе бидеме прегазени. Ќе бидеме маргинализирани“, изјави Бајру.
Тој додаде дека одлуката како да реагираат е и на Французите и на Европејците бидејќи, како што истакна, тоа е невозможно без Европа.
„Франција и Европа денес се соочени со два предизвици, американски и кинески“, вели Бајру.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му посака добредојде на претседателот Трамп во објава на Фејсбук.
„Очекуваме мир, смиреност и економски просперитет од претседателството на Трамп. Светот ќе се промени и тоа ќе биде добро за Унгарците“.
Tрамп веќе најави кои мерки ќе ги преземе.foto EPA