ЗЕЛЕНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Што очекува за Украина?
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2025
Според украинскиот претседател, Володимир Зеленски, политиката што ја најави американскиот претседател Доналд Трамп дава можност да се постигне траен и праведен мир. Тој му посака успех на Трамп и додаде дека се радува на „активна и заемно корисна соработка“.
Зеленски денеска му честиташе на Трамп за враќањето на претседателството на Соединетите американски држави(САД).
Украинскиот претседател укажа на решителноста на Трамп и нагласи дека политиката „мир преку сила“ што ја најави дава можност да се зајакне американското лидерство и да се постигне траен и праведен мир.