21 Јануари, 2025
0.0249

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трамп стапи на функцијата, најави неколку мерки со кои ќе го стартува мандатот

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ТРАМП СТАНА 47-ОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД, ГИ НАЈАВИ ПРВИТЕ МЕРКИ

Новиот американски претседател, Доналд Трамп кој денеска е инаугуриран, кажа дека златната доба на Америка почнува сега. Најавувајќи дека ќе ја стави Америка на прво место, тој додаде дека земјата ќе процвета и ќе биде почитувана.

„Ќе го вратиме нашиот суверенитет, ќе ја вратиме нашата безбедност. Наш главен приоритет ќе биде да создадеме нација која е горда, просперитетна и слободна. Нема да потфрлиме. Од овој ден, Америка ќе биде слободна, суверена и независна држава. Иднината е наша“, изјави Трамп. 

Вели дека Америка наскоро ќе стане поголема, посилна и поисклучителна од кога било.

МИЦКОСКИ НА СРЕДБИ ВО ВАШИНГТОН

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон во САД имаше повеќе средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.

ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА РАДЕ ТРАЈКОВСКИ-ШТЕКЛИ

Кривичен суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски - Штекли и уште деветмина од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР.  Определен е и притвор за две лица кои се во бегство.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување

на делото.

ТРИ ДЕНА ПРЕД УБИСТВОТО, ОБВИНЕТИТЕ ПОМИНАЛЕ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ВАЊА

Обвинетите за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска oд Скопје, со „цитроенот“ на убиениот Панче Жежовски од Велес, дошле пред зградата на девојчето и на 24 ноември 2023 година (петок). Тоа се случило на три дена пред злосторството.

Обвинителките денеска продолжија со изведување докази против обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Презентирани беа снимките од системот „Безбеден град“ на полицијата. На 24 ноември 2023 година и на 27 ноември 2023 година возилото „цитроен“, со кое е киднапирана Вања, се движело по иста траса од мостот „Гоце Делчев“, пред Владата, лево кон булеварот Свети Климент Охридски, па десно кон улицата Орце Николов, па преку улицата Михаил Цоков, до улицата Наум Наумовски Борче каде што живееше девојчето. Во петокот на 24 ноември 2023 година „цитроенот“ стигнал пред зградата на Вања во 6.50 часот. Во понеделникот на 27 ноември 2023 година „цитроенот“ стигнал пред зградата во 6.36 часот. Во возилото на снимките се забележуваат силуети на три лица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти кои се жалат на симптоми на сезонски грип, но, сепак денеска, според предвидениот календар, започнува второто полугодие во основните и во средните училишта.

По немилиот настан кој деновиве се случи во Прилеп, каде две бебиња - близнаци стари само 20-тина дена, според првичната проценка на лекарите, починаа од премрзнување, стручните лица велат дека треба да се подигне свеста за тоа каква одговорност носи родителството.

И покрај големиот број на инвестиции во обновливи извори на енергија, земјава и натаму е зависна од увоз на струја за што троши милиони евра. Не само што изградбата на проектот Чебрен не е на повидок, туку допрва земјата треба да ги спроведе новите енергетски закони и да ја имплементира зелената транзиција за ослободување од јаглен.

Откако секој од големата акционерска четворка во „Македонијатурист“ ги исфрли своите предлози за нови членови на Надзорен одбор повеќе од извесно е дека Доне Таневски по неколку децении заминува од најголемата хотелиерска компанија во Македонија. 

Речиси е извесно дека дивидендата, во годината во која Комерцијална банка има историски најдобри резултати, ќе биде повисока од тоа што акционерите го добија за 2023 година и изнесуваше 15 евра во бруто износ.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) МАСК, ЗАКЕРБЕРГ: Кои други моќници беа на инаугурацијата на Трамп?

(ВИДЕО) МАСК, ЗАКЕРБЕРГ: Кои други моќници беа на инаугурацијата на Трамп?

БАЈРУ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА ТРАМП НА ВЛАСТ: Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме доминирани

БАЈРУ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА ТРАМП НА ВЛАСТ: Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме доминирани

ЗЕЛЕНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Што очекува за Украина?

ЗЕЛЕНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Што очекува за Украина?

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА: Kaкви планови има Трамп за Панамскиот Канал?

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА: Kaкви планови има Трамп за Панамскиот Канал?

ГИ ЗАНЕМАРИЛЕ ОДБРАНБЕНИТЕ ПОЗИЦИИ: Уапсени украински генерал и полковници

ГИ ЗАНЕМАРИЛЕ ОДБРАНБЕНИТЕ ПОЗИЦИИ: Уапсени украински генерал и полковници

(ВИДЕО) ТРАМП ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА: И официјално стана 47-от претседател на САД

(ВИДЕО) ТРАМП ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА: И официјално стана 47-от претседател на САД

(ВИДЕО) ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА: Џил и Џозеф Бајден ги пречекаа Доналд Трамп и Меланија

(ВИДЕО) ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА: Џил и Џозеф Бајден ги пречекаа Доналд Трамп и Меланија

ПУТИН МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Сака дијалог за крај на војната во Украина

ПУТИН МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Сака дијалог за крај на војната во Украина

КАКОВ ПОТЕГ НА БАЈДЕН НА НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА: Ја искористи моќта во последен час да го разбесни Трамп

КАКОВ ПОТЕГ НА БАЈДЕН НА НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА: Ја искористи моќта во последен час да го разбесни Трамп