ГИ ЗАНЕМАРИЛЕ ОДБРАНБЕНИТЕ ПОЗИЦИИ: Уапсени украински генерал и полковници
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2025
Украински генерал и полковници се приведени поради неуспеси во одбраната на регионот Харков.
Меѓу приведените се бригаден генерал, генерал-полковник и полковник. Украинската служба за безбедност (СБУ) и украинското Државно биро за истраги (ДБР) приведоа тројца високи украински воени функционери обвинети дека не успеале соодветно да го одбранат регионот Харков при руската офанзива во мај 2024 година. Функционерите кои имале клучни лидерски позиции во територијалната одбрана на Украина, занемариле соодветно да ги подготват одбранбените позиции долж пограничните области на регионот Харков.
Доколку бидат прогласени за виновни, би можеле да добијат казна затвор од 10 години. Надлежните во моментов определуваат предистражни мерки за тројцата приведени.
И тогаш украинските власти кажаа дека ќе испитаат дали имало пропусти во одбраната. Деновиве украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека имало апсења и дека предавниците кои работат против Украина ќе бидат казнети. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Иако се веруваше брза победа на Русија, тоа не се случи. Украина на 6 август лани упадна во Курск и зазема руска територија која уште ја има под контрола.