05 Декември, 2025
0.0390

Банкарско спојување – Зираат Банка со Халк банка

Објавено во: Финансии 25 Септември, 2012 19:37

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност соопшти дека на Халк банка и' дала одобрение да издаде 11- та емисија на долгорочни хартии од вредност, со што ќе ја зголеми основната главнина за да се реализира присоединување со Зираат банка. „Со единаесеттата емисија на акции, Халк банка ќе издаде 100.954 обични акции, со вкупна продажна вредност од 1 милијарда денари. Оваа емисија на Халк банка ќе се реализира како приватна понуда, бидејќи е наменета за институционалниот инвеститор - Т.Ц. Зираат банкаси А.С. Туркиш, кој е единствен акционер на Зираат банка“, соопшти Комисијата за хартии од вредност. Турската Халк банка е во мнозинска државна сопственост и има своја банка-ќерка во земјава. Таа во април минатата година ја презеде скопската ИК банка, со зголемување на уделот во банката до нивото од 91,6 отсто. Со тоа го зголеми и вкупниот капитал на Халк банка - Скопје до над 30 милиони евра. Во август лани, пак, капиталот на македонската Халк банка порасна за 24 милиони евра преку нова емисија на акции. Акциите ги купи турската Халк банка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри