11 Април, 2025
0.0281

Банките активираат хипотеки од фирми и граѓани

Објавено во: Финансии 08 Октомври, 2012 08:35

Добивај вести на Viber

Расте бројот на активирани банкарски гаранции за компаниите што не можат навреме да ги подмируваат обврските, потврдуваат за Фактор од поголемите банкaрски групации. Народната Бaнк, пак веќе објави дека има благо намалување на кредитниот ризик на кој се изложени банките  поради зголемената наплата преку преземање на обезбедувањата. Од поголемите банки објаснуваат дека се зголемил и бројот на активирани хипотеки за наплата на долговите и од граѓаните. Во меѓувреме, поради влошување на финансиската кондиција на приватниот сектор освен што фирмите не можат навреме да ги сервисираат обврските,  тие ги трошат и депозитите. Во јули и во август последователно  е регистриран тренд на намалување на депозитната база на приватниот сектор. За разлика од стартот на годинава, кога банкарите коментираа дека фирмите ги полнат сметките, сега на истекот од годината се случува повлекување на депозитите . Депозити на фирмите во 2012
2012 август

-5.9%

2012 јули

-0.9%

2012 II квартал

0.8%

2012  I квартал

6.2%

Анализирано од аспект на апсолутни бројки, депозитите на фирмите во август изнесувале 857 милиони евра додека во јули 882 милиони евра, или намалување на депозитната база за околу 25 милиони евра само за еден месец. Додека кај депозитите на приватниот сектор има одлив, кај штедењето на граѓаните се забележува зголемување, но не доволно за да се оставари планираната и проектираната стапка на пораст на депозитите. Додека параметрите укажуваат дека кондицијата на приватниот сектор се влошува , банките среде криза прикажаа добивки. Иако банкарите сметаат дека вториот квартал од годинава  може да се смета за поуспешен од минатогодишниот, остануваат на ставот дека ризиците сеуште ги ограничуваат банкарските пласмани . “Банките и натаму ги зајакнуваат кредитните критериуми. Поради ризиците и кризата и натаму се финасираат исклучиво првокласни клиенти и издржани бизнис- прокети . По отворањето на Кредитното Биро, кое води евиденција за задолженоста на клиентите, ретко која банка би се осудила да даде кредит на клиент од Б или В категорија “ – коментираа банкари за Фактор . Последните податоци на НБМ укажуваат дека вкупната кредитна активност на ниво на целиот банкарски сектор е пониска од проектираната, а поради неизвесноста од должничката криза и “нишањето“ на стабилноста на Еврото , за прв пат по 2007 ма година, на крајот на вториот квартал од 2012та, депозитите во денари ги надминаа депозитите во девизи, зафаќајќи 50,7% од вкупната депозитна база. Според последните располжливи податоци вкупните депозити во банките достигнаа 3,8 милијарди евра додека вкупните кредити 3,5 милијарди евра . Дали банките ќе ја олабават каматната политика, дали ќе растат или ќе се зголемуваат ризичните пласмани, ќе го зголемат ли фирмите и граѓаните штедењето, сето ова зависи од трендовите во европа, која според НБМ сеуште е во зоната на ризик, со продолжена неизвесност и неповолни тенденции кај економската активност .

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМАТА ХРВАТСКА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОБИ НОВА ДИРЕКТОРКА - еве на кои позиции била претходно Николина Диздар Чехулиќ

НАЈГОЛЕМАТА ХРВАТСКА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОБИ НОВА ДИРЕКТОРКА - еве на кои позиции била претходно Николина Диздар Чехулиќ

ФИРМИТЕ СЕ „ОПАРИЈА“ СО УНГАРСКИОТ ЗАЕМ - пристигна и втората транша, досега кон Развојната банка се префрлени 84,4 милиони евра

ФИРМИТЕ СЕ „ОПАРИЈА“ СО УНГАРСКИОТ ЗАЕМ - пристигна и втората транша, досега кон Развојната банка се префрлени 84,4 милиони евра

ЕВЕ ГИ ПЕНЗИИТЕ НА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА САД: Овој поранешен претседател добива 35 милиони долари!

ЕВЕ ГИ ПЕНЗИИТЕ НА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА САД: Овој поранешен претседател добива 35 милиони долари!

ПО ПАУЗА ОД ЕДЕН МЕСЕЦ, БЛОКОВИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА БЕРЗАТА, СЕ КУПУВААТ АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - се враќа ли и досега „подзаспаниот“ интерес на инвеститорите

ПО ПАУЗА ОД ЕДЕН МЕСЕЦ, БЛОКОВИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА БЕРЗАТА, СЕ КУПУВААТ АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - се враќа ли и досега „подзаспаниот“ интерес на инвеститорите

Голем резултат на малата банка! Како „Силк Роуд Банка“ ја зголеми добивката за 32 отсто?

Голем резултат на малата банка! Како „Силк Роуд Банка“ ја зголеми добивката за 32 отсто?

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

ИНТЕРВЈУ СО ТЕОДОР ТОДОРОВСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА P2P.mk: Инвестирањето не е за богатите – туку за паметните

ИНТЕРВЈУ СО ТЕОДОР ТОДОРОВСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА P2P.mk: Инвестирањето не е за богатите – туку за паметните

БЕРЗИТЕ „ЕКСПЛОДИРАА“ ПО ПАУЗИРАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ - инвеститорите и понатаму стравуваат

БЕРЗИТЕ „ЕКСПЛОДИРАА“ ПО ПАУЗИРАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ - инвеститорите и понатаму стравуваат

„ШО КУЧИЊА РАНЕВТЕ ЗА 60.000 ЕВРА ДИРЕКТОРЕ, ДА НЕ ИМ КУПУВАТЕ АСПАРАГУС И ПАПАЈА?“ Советник во Советот на општина Битола со скандалозни информации

„ШО КУЧИЊА РАНЕВТЕ ЗА 60.000 ЕВРА ДИРЕКТОРЕ, ДА НЕ ИМ КУПУВАТЕ АСПАРАГУС И ПАПАЈА?“ Советник во Советот на општина Битола со скандалозни информации