05 Декември, 2025
0.1278

БАНКИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ, ЕМ ПАРИ НАЗАД ЗА ТРИ ГОДИНИ, ЕМ КАМАТА - ново државно задолжување на домашниот пазар

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2024 10:51

Добивај вести на Viber

Нова тригодишна државна обврзница издадена пред неколку дена, со која државата повторно се задолжува на домашниот пазар, од денеска ќе котира на Македонската берза.

Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула.

Овој пат државата кај домашните кредитори, односно банки и фондови, позајмува 13,4 милиони евра. 

Датумот на достасување е октомври 2027 година, што значи дека поради помалата рочност, имаме и пониска каматна стапка, која на годишно ниво изнесува 3,95 отсто.

Многу поголемо задолжување државата направи пред десетина дена, на сума од дури 74 милиони евра. 

Првата државна обврзница тогаш беше на сума од 22,66 милиони евра. Таа била издадена на 19 овој месец, а парите ќе треба да ги вратиме после три години, или поточно на истиот датум, во 2027 година. Тоа значи дека после подолг период влегува во игра и тригодишна државна обврзница, а токму заради помалиот рок, каматната стапка е пониска и изнесува 3,95 проценти. Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула.

Втората државна обврзница беше на сума од 9,38 милиони евра, со рок на враќање е 15 години, односнио земјава ќе треба да ја отплаќа се до 2039 година, а третиот дел на државни обврзници беше на највисока сума, односно дури 31,72 милиони евра. Исто така станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, кои ќе се вратат најдоцна до 2039 година. За користењето на подолгорочните обврзници, ќе платимер камата од , а за користењето на овие пари исто така ќе платиме камата од 5,6 отсто. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката