19 Декември, 2025
0.0501

Бараат закон за обештетување - оштетените од Еуростандард имале средби со сите политички партии

Објавено во: Финансии 18 Септември, 2020 12:36

Добивај вести на Viber

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието за поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физичките и на правни лица, депоненти во Еуростандард Банка, и во целост ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

„За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи на кој беше искажана волја за наоѓање на решение на проблемот. Пратеничките групи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на Алијанса за Албанците, на Алтернатива и на Левицам дадоа целосна поддршка за носење на законско решение во најскоро време со кое ќе се изврши целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти од Еуростандард Банка“, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

А како што Фактор веќе пишуваше, формиран е и Одбор на доверители на Еуростандард банка, во кој членуваат Фондот за осигурување депозити, преку кој сега оди обесштетувањето, како и доверителите - компаниите ЕВН и ЈП Водовод и канализација. 

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми