(ФОТО) „Барокните“ сендвичари полека никнуваат во Центар
Објавено во: Македонија 23 Март, 2015
Централното градско подрачје на Скопје полека ги добива стилизираните „барокни“ сендвичарници со позлатени антички столбови кои соодветствуваат на новите градби од проектот „Скопје 2014“.
Пред две години Министерството за транспорт и врски по пат на лицитација продаде три парцели со површина од по 8 метри квадратни.
Тогаш Селим Муше за парцелата до спомен куќата на Мајка Тереза понуди највисока црна - 391.003 денари за еден метар квадратен (или околу 6.350 евра), а за парцелата на кејот на Вардар, до хотелот Холидеј Ин, истото лице понуди 330.800 денари (околу 5.370 евра) за еден метар квадратен а Фирмата Супрема ДОО ја откупи парцелата во паркот Жена – борец, спорти трговскиот центар Соравија за 6.600 денари за еден метар квадратен. После ова потпишување во буџетот се слеаа 5.827.224 денари или околу 95 илјади евра.
Имено, гореспомнатите објекти се во последните денови се поставуваат на две локации на булеварот ВМРО и кај хотелот Холидеј Ин и исти такви ќе бидат поставени на различни места во центарот на главниот град. Пред самиот крај е изведбата на металната конструкција а завршени се водоводниот и канализациониот приклучок.
Автор на ова „барокно“ идејно решение е Жарко Чаушевски.
(Фото:Буилд.мк)