Беџети: Ја прифаќам фрлената ракавица на Ќулавкова за создавање трета албанска академија
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2022 20:37
Академик Абдулменаф Беџети во колумната за „Лајм“ порачува дека ја прифаќа „фрлената ракавица“ од академик Катица Ќулавкова за која посочува дека во интервју за ТВ Канал 5 изнела предлог за создавање трета албанска академија.
„Веќе докажавме дека не само што знаеме, но и подобро од нив правиме некои научни и образовни институции! Затоа ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’. Колку за илустрација, на последниот конкурс, во Одделението за општествени науки што јас го предводам, од седум члена, со шест убедливи гласови ‘за’ го поминавме кандидатот проф. д-р Мируше Хоџа и на Собрание (на МАНУ, н.з.) – го соборија! Во нивните мисли, за што и да се случи, одговорни сме ние Албанците, кои заедно со Македонците, но и другите, ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од тие самите“, вели тој.
Ова, во колумна објавена на порталот на албански јазик „Лајм“, насловена „Македонски академски фрустрации!“, го пишува академик Абдулменав Беџети, реагирајќи на, како што вели, индивидуалните ставови на некои македонски академици, а ги посочува претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, и академик Катица Ќулавкова.
Можеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




