Бејби-концепт по терк на најмодерните болници: Супер мајки од Аџибадем Систина
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2019 06:57
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е препознатлива по стручноста на докторскиот и сиот останат персонал, но и по близината која пациентите ја остваруваат со секој вработен во болницата. „Аџибадем Систина“, пак, го гради тој однос, со грижа, едукација, посветеност. Посветеноста кон идните родители е еден сегмент на кој болницата е посебно посветена. Прво, ангажманот пред породувањето што се прави со обуките на кои се едуцираат и мајки кои не планираат да се породат во „Аџибадем Систина“.
Како со бебето, какво ќе биде породувањето? Тоа се тешки прашања што ги мачат идните родители, а на кои сите одговори се важни. Во „Аџибадем Систина“ се прави едукација за самиот начин на породување, која ја прават доктор и сестра.
„Без разлика дали докторот е гинеколог или педијатар. Улогата на сестрата во таа едукација е да ги упати мајките за млекото, како се спроведува доењето и како започнува лактацијата. Со самото тоа што ги упатуваме родитите како функционираме, ние сме единствени тука, но и во регионот на повисоко ниво, па затоа и доаѓаат кај нас. Постои специјализирана бејби-програма. По раѓањето бебето веднаш се носи во собата кај мајката, без разлика дали е породена природно или со царски рез. Мајките се со постојано присуство на сестра која во детали им објаснува како треба да се однесува со новороденото бебе. Од менување пелени, доењето, заспивањето“, вели сестра Весна Атанасовска, главна сестра на педијатрија и неонаталогија.
Бебињата кои се родени предвреме и кои се на интензивна нега може да ги посетуваат и татковците. Бејби-програмата која се применува ја двои „Аџибадем Систина“ како препознатлива и најдобра во државата, но и во регионот.
А грижата за бебето продолжува и по напуштањето на болницата.
„Откако ќе ги пуштиме дома во првите 48 часа, сестрата која се грижи за нив во болница доаѓа во посета дома за да провери дали и како се справува мајката. Се внимава на сите детали, правиме контрола“, вели сестра Весна.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




