21 Мај, 2024
0.0299

БЕКИМ САЛИ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ХУСНИ ИСМАИЛИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ - еве кои ќе бидат другите функционери на Алтернатива во власта

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Од Алтернатива вечерва преку соопштение информираат дека Централното претседателство на Алтернaтивa, на својата седница, дискутирало за носителите на јавните одговорности во државните институции на Република Северна Македонија.

Од таму додаваат дека во колегијална атмосфера и со почит, Централното претседателство дискутираше за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата.

„Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива анонимно го прифати неговиот предлог.
Иако некои позиции остануваат да се потврдуваат деновиве, тука подолу ќе ги спомнеме некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:

  • Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;
  • Беким Сали – министер за Здравство;
  • Адмирим Алити – министер за Информатичко општество и администрација;
  • Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;
  • Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;
  • Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;
  • Даим Лучи – заменик министер за Култура;
  • Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
  • Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
  • Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
  • Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
  • Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
  • Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.

На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.
На крајот претседателот Африм Гаши, честитајќи им на предложените носители најавни функции, побара од нив задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, почит и во согласност со политичките и етичките начела на Алтернатива“, велат од Алтернатива.

Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци