27 Ноември, 2024
0.0272

Бектеши: Ќе има затворање на маркети, ако не поевтинат

Објавено во: Економија 14 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска објави дека се сретнал со претставниците на најголемите осум синџири маркети и дека тие ја прифатиле неговата најава дека од вторник со одлука на Влада ќе има замрзнување на цените на одредени производи.

При тоа, министерот рече дека мерки за зауздување на инфлацијата нема да има само за трговците, туку и за дистрибутерите и за производителите.

- Моментално Министерството за економија работи на дополнителни мерки кои ќе се однесуваат на дистрибутерите и производителите. Најверојатно утре треба со нив да се сретнам, рече Бектеши денеска пред медиумите.

Очекува производите, кои ќе бидат објавени во вторник на редовна владина седница, да поевтинат за 10 отсто од среда. Станува збор за 50 основни производи, а референтнатаите цени за намалување ќе бидат, како што рече тој, некои од претходните месеци кога било поевтино за граѓаните.

Бектеши додаде дека неговото министерство ќе направи и измени во Законот за пазарен инспекторат со кои ќе се зголемат ингеренциите на инспекторите и ќе се намали времето за нивно постапување, а ќе може и да се затвораат маркетите ако не ги почитуваат највисоките дозволени цени.

- До крајот на следната недела ќе го имаме и новото законско решение за нефер трговски практики каде што ќе се укинат речиси 20 отсто давачки во ланецот за трговија - од производство до малопродажба, со што дополнително ќе се намали цената, најави министерот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи