16 Декември, 2025
0.0515

БЕЛГИЈА ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ ПАЛЕСТИНА: Најавени се и санкции против Израел

Објавено во: Свет 02 Септември, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Белгија ќе ја признае палестинската држават на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) овој месец и ќе воведе пакет од 12 санкции против Израел, соопшти денеска белгискиот министер за надворешни работи и вицепремиер Максим Прево.

„Палестина ќе биде признаена од Белгија на седницата на ОН! Против израелската влада ќе бидат воведени силни санкции“, напиша Прево на социјалната мрежа Икс.

Меѓу санкциите е забрана за увоз на производи од израелските населби на окупираниот Западен брег и ревизија на јавните набавки со израелски компании.

Прево, член на центристичката Христијанско-демократска партија, изјави дека Белгија го дава ова ветување „со оглед на хуманитарната трагедија што се одвива во Палестина, особено во Газа“. Тој додаде дека признавањето ќе биде формализирано по ослободувањето на последниот заробеник од Газа и потоа „Хамас повеќе нема да има никаква улога во управувањето со Палестина“.

Белгискиот премиер Барт де Вевер минатиот месец оцени дека признавањето мора да биде условено со строги критериуми.

Франција и Саудиска Арабија на 22 септември ќе бидат домаќини на состанок за признавањето на Палестина во рамки на ГСОН, а Австралија, Канада и Велика Британија најавија дека исто така ќе ја признаат, но под одредени услови.

До април годинава, 147 земји – или 75 отсто од членките на ОН – веќе ја имаат признаено палестинската држава..

САД и Израел остро ја критикуваат оваа иницијатива. Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече одлуката на Франција „непромислена“ и најави ограничувања на визи за палестински функционери пред седницата на ОН во Њујорк.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич предупреди дека Израел ќе гради нови населби за секоја земја што ќе ја признае Палестина.


Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави