15 Јануари, 2025
0.0322

Бензините и дизелот поскапуваат за денар до денар и половина

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Цените на бензините и на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87, односно 1,34%.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денар по литар и сега ќе чини 85 денари, додека Еуросупер БС-98 поскапува за 1,5 денари и ќе се продава за 87 денари за литар. Цената на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за денар по литар и ќе изнесува 72,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапи за половина денар по литар и ќе се продава за 61 денар по литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,675 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 43,603 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,56 отсто повисоката  просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,36% о повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања