БЕРБОК ГИ ПРЕДУПРЕДИ ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА АСАД: Aко дојдат во Германија, ќе одговараат
Објавено во: Свет 15 Декември, 2024
Германските власти им порачаа на Сиријците кои го поддржувале режимот на соборениот претседател Башар ал Асад, да не доаѓаат во Германија.
Сириските поддржувачи на Башар ал Асад да не бегаат во Германија, овде ќе бидат целосно одговорни пред законот, вели германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
Бербок и сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ги предупредија приврзаниците на соборениот сириски претседател Башар ал Асад да не бегаат во Германија.
„Во оваа земја тие ќе бидат целосно одговорни пред законот“, вели Бербок за весникот Билд ам Зонтаг.
Фезер повика на голема претпазливост на границите.
Вишиот регионален суд во Кобленц во 2022 глодина ја донесе првата пресуда во светот за државна тортура во Сирија против двајца службеници на тајните служби, пишува германскиот портал. Еден од нив доби доживотен затвор.
Во САД неделава, поранешниот шеф на сириски притвор беше обвинет за тортура. Овој 72-годишник го водел затворот Адра во Дамаск во периодот од 2005 до 2008 година.
Неколку илјади Сиријци од Либан и Турција, по падот на режимот на Асад се вратија во Сирија. Австрија нуди по 1.000 евра на Сиријците да си одат дома. Aсад избега во Русија минатата недела.
Либанскиот премиер Наџиб Микати ги повика Сиријците кои побарале засолниште во неговата земја да се вратат дома. Повеќе од една деценија во Сирија имаше граѓанска војна.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.