Бербок повика Македонија да не ја испушти шансата и да го прифати францускиот предлог
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 19:41
Францускиот предлог за старт на преговорите со Скопје е можност што не треба да се пропушти, вели германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Таа вели дека сега е време да се оди напред.
„Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Нивната иднина мора да лежи во ЕУ. Компромисот што го претстави француското претседателство за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија е можност што не треба да се пропушти“, објави таа на својот Твитер профил.
Францускиот предлог е модифициран. ЕУ повика Македонија да го прифати.
Францускиот претседател Емануел Макрон добил потврда од претседателот на Бугарија, Румен Радев и од премиерот во оставка, Кирил Петков дека го прифаќаат предлогот кој попладнево пристигна во Скопје.
foto Twitter
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




