БЕРИША: Пописот во Албанија со 2,4 милиони население е чиста манипулација
Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2024
Пописот во Албанија со 2,4 милиони население е чиста манипулација, во земјата нема повеќе од 1,4 милиони жители. Ваков став изнесе претседателот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша. Кажа дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти податоците од Институтот за статистика за 2.402.113 жители, според пописот.
Презентирајќи, како што наведе, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, Евростат констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.
„Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1 милион и 80 илјади“, рече Бериша.
Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот.
Македонците реагираа дека бугарските власти делеле пасоши и други привилегии за Македонците за да се изјаснат како Бугари.
Реакција имаше и од грчко здружение во однос на бројот на Грци во Албанија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.