05 Јули, 2024
0.0265

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Пад на цената на „Алкалоид“, „Комерцијална“ и натаму на црвена линија

Објавено во: Економија 26 Април, 2015

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ продолжува полека но сигурно да губи на пазарната цена, а тоа трае подолг временски период. Падна цената и „Алкалоид“ Клучна новина оваа седмица е остриот пад на цената на „Алкалоид“, акцијата што го носи епитетот „обврзница меѓу акциите“. Таа акција оваа седмица падна до ниво од 4.850 денари што е најниска цена од 11 ноември лани на таа акција. Логично е што ова ценовно ниво ја спушти и тргуваната количина на таа акција и остварениот промет беше 2,7 милиони денари што помалку од половина од истргуваното количество акции во претходната трговска седмица. Овој пад на цената на многу инвеститори беше неочекуван. Таа акција оваа седмица изгуби 350 денари од највисоката седмична постигната цена односно 6,7 отсто. А тоа за „Алкалоид“ е голем ценовен пад доколку ова се спореди со варијабилите на неговата цена во претходниот период. Изненадувачки е тоа што потенцијалните купувачи беа многу тактични и во последните два трговски дена кога всушност и се реализираше падот беа истргувани само 190 акции на таа компанија. Отворено се поставува прашањето зошто никој не ја бранеше акцијата на психолошката граница од 5.000 денари за акција. Веројатно дека нашите маркет мејкери одлучиле дека е време „Алкалоид“ малку да се олади и да се спушти под границата од 5.000 денари. Падот е многу специфичен и се наметнува во фокус на интерес на инвеститорите заради тоа што отвара нова тенденција кај таа акција. На пример никој немаше да води дискусија или да го става на памет „Алкалоид“ доколку цената издишеше во противвредност на износот на дивиденда како тоа што се случи на 22 април кога акцијата се тргуваше на маргината 5.000 денари. Но кога акцијата губи двојно повеќе од вредноста на дивидендата тогаш секој инвеститор го става „Алкалоид“ во своето видно поле и очекува разврска или нова тенденција. Дали оваа акција ќе остане да се тргува на ова ниво? Можеби ако има материјал за тргување односно пред се тоа зависи од тоа дали ќе се покажат продавачи на тие цени? Можеби ќе се покажат, но не гледаме од кои трендови на пазарот би биле мотивирани да продадат „Алкалоид“ на најниска цена во пет и пол месеци, а да купат нешто друго што во овој период е перспективно... Наспроти тоа на другата страна – потенцијални купувачи сигурно има. И тоа најверојатно притаени, затоа што цени на ова или на пониско ниво сигурно ќе мотивираат некои способни купувачи да ја планираат и да ја набават таа акција во својот портфељ. Најтргувана акција оваа седница беше „Македонски телеком“ со реализација од 20,3 милиони денари што претставува над 6 милиони денари повеќе од реализацијата на сите тргувани акции на подсегментите суперкотација и берзанска котација. Навистина скромна дури може и отворено да се каже сиромашна трговска седмица. „Телеком“ лидерската позиција ја фати во средата на 22 април кога беа истргувани над 62.000 акции вредни 17,7 милиони денари. Преведено со други зборови некој , веројатно инвестициски фонд вложи 17,7 милиони денари и за неколку дена ќе добие принос што е повисок од 1,4 милиони денари. Тоа е солидна приносна маргина која значајно може да подобри некој квартален извештај или „крва слика“ на приноси која би се правела ад хок. Од другите акции ќе ја издвоиме „Комерцијална банка“ која продолжува да паѓа и оваа седмица достигна ценовно ниво од 1.771 денар, а максимална цена беше 1.829 денари за акција. Прометот изнесува 5,9 милиони денари и, очекувано, е понизок од прометот остварен во претходната седмица за 28 отсто. Остар пад на цената имаше и акцијата на „Македонијатурист“, а затвори тргување на 3.500 денари за акција. Таа акција имаше промет од 1 милион денари, а многу е веројатно дека некој инвеститор продал затоа што изгубил трпение за таа акција особено по објавата на нивото на дивиденден принос. Во милионерите се најде и битолската „Стопанска банка“ со реализација од 1,4 милиони денари. На подсегментот „задолжителна котација“ во милионерите, очекувано, беше и акцијата на НЛБ Тутунска банка со промет од 2,4 милиони денари и со пад на цената од 6.229 денари до 6.050 денари за акција. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан