БЕСА: Ќе има и редефинирање на судовите, безрезервна поддршка за СЈО
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017 20:29
БЕСА реагира незадоволно на одлуката на Кривичниот суд да прераспредели голем број на судии кои претежно решавале во полза на барањата на СЈО и најави дека ќе има целосно редефинирање на македонските судови за поголема правичност.
„Одлуката за прераспределбата на судиите на кривичниот суд претставува скандалозна интервенција на владејачките партии во судскиот систем во Република Македонија.
Судиите, кои досега решиле за случаите на Специјалното Јавно Обвинителство и нивната замена со судии кои се знае дека се блиски со владејачката партија, претставува не само флагрантно кршење на автономијата на судовите, туку и директен упад во работата на единствената кредибилна институција во правниот систем – СЈО.
Движењето БЕСА гарантира дека платформата Редефинирање предвидува и реформирање на целиот правен систем, особено на судовите, и сето ова во корист на правдата без можности за политизација и исклучиво во корист на граѓаните.
Судовите ќе бидат целосно независни и објективни и ова ќе се случи во многу блиска иднина. Во оваа прилика, уште еднаш го изразуваме нашиот став и нашата безрезервна поддршка за продолжување на работата на СЈО додека да се постигне целосна декриминализација на државниот систем“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




