Беса на Касами му кажа „не“ на Заев
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2018 15:01
Движењето Беса предводено од Билал Касами соопшти дека од денес ги прекинува сите разговори со премиерот Зоран Заев за влез во Владата.
„Овој процес на преговори продолжува повеќе од четири месеци без конкретен епилог, ние го цениме дека сите временски ограничувања се надминати. Движењето Беса не сакаа да остане заложник на техничките календари на парламентарното мнозинство. Почнувајќи од денес ги прекинуваме сите разговори со премиерот на земјата за влез во Владата. Сметавме дека со текот на времето, владата на Зоран Заев ќе почне да се ослободува и од ДУИ, дел од поранешниот режим на Никола Груевски, но за жал тоа не се случи. Движењето Беса ќе продолжи да биде конструктивна опозиција“, се вели во соопштението од партијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




