27 Ноември, 2024
0.0264

Бесими: За да се намали, неформалната економија треба да се направи неисплатлива

Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Сивата економија годишно ја чини државата колку автопатските делници на Коридорот 8 или на Коридорот 10-д, четири клинички центри, или реизградба на сите училишни згради во земјава. Доколку целиот формален сектор се формализира нема да има потреба од задолжување за финансирање на буџетот. Оттаму, Владата стратегиски пристапува кон решавањето на овој горлив проблем преку петгодишната Стратегија за формализација на неформалната економија изработена од страна на Министерството за финансии. Предвидено е едновремено јакнење на системот за сузбивање на сивата економија, како и подигнување на даночниот морал и свеста на граѓаните, посочува во својата најнова колумна министерот за финaнсии, Фатмир Бесими.

- Неформалната економија е една од најголемите структурни пречки за конвергенција на земјите во развој со развиените економии. Тоа важи и за конвергенцијата на нашата економија со Европската Унија. Износот на даночните приходи со целосно формализирање на неформалниот сектор, без никаква промена во даночната политика, е еднаков на капиталните расходи во буџетот за годинава. Имено, иако е тешко да се измери, неформалната економија согласно одредени проценки изнесува околу 30% од бруто-домашниот производ на нашата земја. БДП за 2023 година е проценет на 14,4 милијарди евра, оттаму вредноста на неформалната економија би изнесувала околу 4,32 милијарди евра. Според груби пресметки, тоа значи дополнителни 795 милиони евра годишни приливи по основ на даночни приходи во буџетот - посочува Бесими и додава дека повисоката застапеност на неформалната економија е каракетристична за земјите во развој, како и дека во просек кај земјите од нашето окружување сивата економија исто така се движи околу 30 отсто од БДП.

Министерот за финансии истакнува дека за да се намали, неформалната економија треба да се направи неисплатлива, односно зголемување на ризикот од делување во неформалниот сектор и од друга страна преку зголемување на бенефициите во формалниот сектор.

- Нашата стратегија се темели на две главни области – првата е системот, а втората се граѓаните. Целта е да се изгради силен систем кој ќе се бори против сивата економија, а едновремено да се зајакне даночниот морал кај граѓаните и свеста дека со сузбивањето на сивата економија вложуваат во својата и подобрата иднина за своите деца“, посочува Бесими и наведува дека предвидени се мерки за изградба на институционална инфраструктура за детектирање, следење и давање насоки за адресирање на неформалните активности, меѓуинституционална соработка, обезбедување на статистички податоци и показатели за неформалната економија кои ќе се користат за редовно следење на сивата економија, како и дигитализација на процесите. Исто така, засилено се работи на унaпредување на регулаторната рамка особено во делот на работните односи. Бесими наведува и дека интензивно ќе се работи и на јакнењето на свеста за сивата економија, даночниот морал и довербата во институциите, а дел од активностите ќе се одвиваат преку веќе постоечката платформа vnesiboja.mk . “Се работи и на едукација на општата јавност преку различни алатки за разорното дејство на сивата економија. Во насока на јакнење на довербата на граѓаните и фирмите во институциите и понатаму ќе се јакне транспарентноста и отчетноста на институциите, но и предвидливоста во подготовката на законските решенија што е од особено значење за бизнис заедницата - истакнува министерот Бесими.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА