БЕСНИ ВОЗАЧИ: 73 санкции за пребрзо возење вчера во Скопје
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 10:24
Во текот на изминатиoт ден (10.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и една со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. 73 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.
Исто така, исклучени се и 38 возачи, бидејќи 23 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и 13 го управувале возилото под дејство на алкохол. 24 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 18 биле нерегистрирани, четири технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минувивање на пешаци, двајца неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале и 26 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и четворица затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 139 мандатни платни налози, додека 75 возила се подигнати со "Пајак".
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




