22 Мај, 2024
0.0366

БЕЗ ПОПИС: Каква изборна трка ја очекува Македонија?

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Градоначалничката фотеља станува поатрактивна дури и од министерската. Борбата за локалната власт станува сурова игра на предизвици. Но како и досегашните изборни циклуси така и овој ќе биде без реализиран попис и со нецелосно прочистен избирачки список. А, идеален список нема-вели поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски. Но тој смета дека институциите треба да се заложат максимално да се отстранат грешките и пропустите и да се обезбеди сигурен извор на податоци. Според Герасимовски материјата која се работи е со променлив карактер и треба редовно и ажурно да се следи.

“Идеален избирачки список не е можно да има од повеќе причини. Проблем бил зголемување на бројот на бирачи  во избирачкиот список и тоа со високи бројки, а тоа не е возможно ако се следи бројот на населението преку природниот прираст. Може да се констатира само дека има подобрување во избирачкиот список од претходните состојби со вкрстување на податоци од разни институции кои располагаат со регистри и бази на податоци. Со нивното вкрстување се согледаа делумно проблемите кои во иднина треба да се решаваат. Тоа значи дека избирачкиот список не е целосно пречистен.До поверодостојна состојба во избирачкиот список може да се дојде само со вкрстување на податоци од институции кои имаат такви податоци и истите да бидат законски поткрепени и со применети стандарди, дефиниции и класификации. На тој план и на такви активности треба да се работи во иднина”- вели Герасимовски.

Дополнителен проблем како што вели е  уличниот систем па со промената на имињата на улиците на иста адреса се јавуваат десетици лица.

“Посебно во Скопје и  за цела Македонија е проблем од аспект што честопати се правеше измена на називите во општините. Тоа е тешко да се примени во пракса со тоа што можеше и има случаи  на иста општина вршите промена на називот на улицата, а истиот назив го доделувате повторно. Зашто е проблем? Затоа што граѓаните кои и со закон се задолжени да го пријават местото на живеење тоа не го прават, а не пак за промена на називот на улицата. Затоа и се појавуваат избирачи кои на иста адреса се по повеќе и тоа дури и по 20-30. Пручина е и тоа што во еден двор на иста адреса се градат нови објекти, а се заведуваат на иста адреса. Проблемот овој како и дел други лежат во функционирањето на институциите во системот. Познатите појави лесно се надминуваат доколку се сака и доколку институциите се координираат помеѓу себе.При масовни активности како што е  и Пописот на населението така и збирачкиот систем вкрстените податоци даваа голема можност да се добијат почисти и попрецизни податоци”- додава Герасимовски.

Додека Македонија повеќе од една деценија го очекува пописот на населението, а скоро секоја година се случуваат редовни и вонредни изборни процеси младите масовно ја напуштаат земјава. Овој реален проблем, вели Герасимовски треба сериозно да ги загрижи властите. Институциите јавно не кажуваат колкава е оваа бројка, но меѓународните организации оперираат со околу 500 000 иселени во последните години.

“Состојбата со иселувањето на населението од државава е позната многу одамна но последниве години е многу  помасовна. Причините за иселувањето се општо познати дека се од економски и социјални проблеми. Тоа е присутно поготово кај младото население кое иднината ја бара во профитот во други земји. Дел од таа младина пак која е на студии секако дека размислува да остане во земјата на престој од наведените причини. Во оваа прилика треба да се спомне дека и пензионерите се голема гласачка машинерија и истата сакаат да ја придобијат политичките партии преку терминот “зголемена пензија”. Но, колку во тоа ќе се успее е прашање. За заминувањето односно иселувањето на младите од земјава решение треба да се бара прво во поголемо вработување, а на тоа поголемо влијание има висината на платата односно примањата. Доколку истите станат нешто приближно како што  планира Владата тука може да се очекува некој позитивен тренд за останување во земјава. На крајот младите велиме тешко се враќаат во земјава, а посебно за гласање. Треба да се има во предвид  дека за локалните избори нема гласање во дијаспората, односно не гласа дијаспората. Па прашање е колку е можно да некој дојде да гласа во државава и се вратат назад”- потенцира Герасимовски.

Оттука вели дека  пописот е повеќе од потребен  бидејќи преку него се крои иднината на секоја земја во сите сфери на живеење, од економски, образовни, демографски, јазични, етнички, социјални, станбени до  земјоделски и  инфраструктурни.

“Попис  на населението, нема повеќе од 15 години. Но, само за потсетување дека веднаш по неуспешниот попис во 2011 година една политичка партија предложи  Закон за нов попис но тоа Собранието не го прифати. Изминатите години партиите на власт не покажаа интерес или  не сакаа да спроведат попис на населението. Новата Влада покажува интерес за негово спроведување и мислам дека набрзо ќе почнат подготовките.Државниот завод за статистика е транпарентен меѓутоа не зависи  се од неговото работење бидејќи  тука се вклучени повеќе институции. Истиот работи согласно Програма за работа, меѓународни препораки и стандарди и нивна хармонизација во европскиот статистички систем”- вели поранешниот директор на Заводот за статистика.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази