БЕЗ РЕЗЕРВИРАНО СМЕСТУВАЊЕ ДА НЕ ПОМИСЛУВАТЕ ДА ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА: Оваа недела е посебна и се е зафатено
Објавено во: Балкан 14 Август, 2023
Помеѓу 14 и 18
август патиштата, плажите и одморалиштата во Грција се очекува да бидат многу
попреполни од вообичаено поради големиот православен празник Успение на
Пресвета Богородица. Предупредувањата за гужвите што туристите ги очекуваат
деновиве почнаа веќе на почетокот на месецот. Заедно со Велигден и Божиќ, ова е
еден од најважните верски празници за Грците, а се слави низ целата земја.
Поради големиот број Грци кои овој празник го поминуваат во одморалиштата, меѓу 14 и 18 август се очекува поголема гужва од вообичаено на патиштата, плажите и одморалиштата низ Грција. Доколку немате резервирано сместување, препорачливо е да не тргнувате за Грција барем до 20 август, особено ако сте со мали деца, бидејќи деновиве сместување е многу тешко да се најде на многу комерцијални места.
Утре и официјално е неработен ден во цела држава, а бидејќи се паѓа во најубавиот и најчесто најтоплиот период од летото, вистински момент е за колективни годишни одмори, градовите се испразнат уште 1 август. На плажите и во рестораните во туристичките места ќе има многу повеќе луѓе од вообичаено, бидејќи на туристите од целиот свет ќе им се придружат и мештаните - Грците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.