БЕЗ СКАФАНДЕРИ ЈА СОБИРААТ ПОСТЕЛНИНАТА ОД ЗАРАЗЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ: Во какви услови работи техничкиот и болничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2020 08:46
Огромен револт
изразија дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ поради лошите услови за
работа. Во разговор за Фактор велат дека ризикот од заразување со корона
вирусот меѓу нив самите, од ден на ден станува се поголем. Во оваа скопска
болница, каде до сега се сместени најголемиот број пациенти со најтешка
клиничка слика, а само до вчера беа 133, дел од одделенијата постојано се
пренаменуваат за пациентите со Ковид-19.
-Во болницата се сместени и дел од медицинскиот персонал кој се зарази со вирусот. Најголемиот товар паѓа на медицинските сестри, кои тука буквално преспиваат. Позитивна е главната сестра од интерното одделение, хоспитализирана е главната сестра од гастро со тешка клиничка слика. Има позитивни на корона вирусот од интензивната нега, а таму се сместени пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Тие пациенти сега се пренесени на неврологија, секој ден нешто се менува. Навистина е општ хаос, преморени сме веќе, велат за Фактор дел од револтираните вработени во ГОБ „8 Септември“, тријажниот центар за корона вирусот во Скопје.
Појаснуваат дека невозможна е состојбата и за оние пак кои работат во пералната. Велат дека се неадекватно заштитетни, а секодјневно доаѓаат во контакт со постелнината, навлаките од перниците, болничката облека од пациентите кои се хоспитализирани.
-Тие луѓе се борат за капи, за ракавици, за маски за дизентал. Не се соодветно заштитетни за ризикот со кој се соочуваат. Не се облечени во скафандери. И покрја тоа што на пример, на списокот за требување стои бројка од 100 скафандери, од интерната аптека на ГОБ „8 Септември“ ни даваат само 20, речено им е да штедат. Знаеме дека е криза, но ако вака се продолжи, сите вработени ќе се испозаразиме, велат нашите соговорници.
Во однос на дополнителниот кадар кој пристигна во овој скопски Ковид-центар, велат дека секоја помош е добредојдена, но проблемот е во тоа што на тие луѓе им е потребно најмалку две-до три недели да ја научат болницата, да ги научат лифтовите, да научат што каде стои.
-Се случува по грешка, а не е нивна вина, пренесувајќи заразен пациент да се симнат на погрешен кат, каде што не смее да има никаков контакт со корона вирусот. Требаше нашиот персонал многу повеќе да биде заштитен, за да не дојде до ваква ситуација, велат соговорниците за Фактор, дополнувајќи дека веќе на Одделението за пулмологија сега се сместени 26 пациенти со вирусот, а на Одделението за ургентна медицина 16-ттина. Овие одделенија беа пренаменети, зошто повеќе нема место.
Нивниот гнев е уште поголем, заради тоа што не се на листите за платежните картички. Велат дека не е толку до парите, колку што е до принципот и додаваат дека некои од лекарите кои во изминативе месеци се дома заради тоа што не се ангажирани во целата ситуација се наградени со 40 отсто од платата, а некој што деноноќно го носи товарот со кризата воопшто го нема.
Во однос на ова прашање, минситерката за финасии, Нина Ангеловска, вчера истакна дека здравствените работници ќе ги добијат очекуваните 40 отсто од плата на домашната платежна картичка, со објаснување дека Фондот за здравство доставил коригирана листа откако претходно биле испратени нецелесони или грешни матични броеви, но грешки имало и во износот кој медицинарите треба да го добијат.
За целата ситуација во ГОБ „8 Септември“, Фактор се обиде да добие официјален став и од директорот, д-р. Хрисијан Костов, но тој подолго време не одговара на повиците.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




