Безготовинско плаќање за аплицирање нови лични карти
Објавено во: Економија 27 Февруари, 2013
Граѓаните од денеска ќе може да плаќаат со картички преку ПОС терминали на шалтерите при аплицирање за нови лични документи.
Со проектот се поедноставува постапката, а се крати и времето и трошоците за граѓаните.
Проектот е завршен, а денеска ќе го промовираат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.