14 Јануари, 2025
0.0254

БИДЕТЕ СПОКОЈНИ - нашите градби се поцврсти од албанските и можат да издржат посилни земјотреси

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нашата држава има најквалитетни градби во споредба со опкружувањето, уверуваат од Институтот за сеизмологија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Според нив, нашите објекти се подобри од Бугарија, Грција и Албанија. Сите објекти се според пропишаните стандарди за армирано-бетонски конструкции и може да издржат земјотрес со интензитет од девет степени, или со магнитуда 6,5 до 7 според Рихтер.  

Ова следува откако многу познати архитекти говореа дека големиот број жртви во Албанија, по земјотресот кој се случи на 26 ноември, е последица и на неквалитетните тамошни градби.

Директорот на ИЗИС, Влатко Шешов и претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски, нагласуваат дека освен новите, квалитетни се и постарите објекти, но мора да се води многу сметка и да се пристапи сериозно при нивното евентуално доградување или надоградување. Според нив, тоа што се случи во Албанија, не е возможно да се случи кај нас. Сите објекти за кои се бараат градежни дозволи, независно дали се на ќоше, во маало, во помало место, минуваат низ системот на ИЗИС, а тоа е гаранција за безбедност и квалитет.

Не треба да се сомневате дека тоа што се гради сега, е неквалитетно. Тоа е апсурд. Не треба да значи дека ако бојата на фасадата избледала, се работи за неквалитет. Бетонот и железото се основата која го прави објектот квалитетен“, вели Јаќимовски. Според него, не е возможно денешните градби да бидат понеквалитетни од поранешните, веќе стари и дотраени. 

Сите градежни проекти кои се пуштени во процедура, подлежат на дополнителни контроли во текот на проектирањето. Позитивно мислење се дава само доколку проектот ги задоволува техничките стандарди и прописи. Ако се работи за поголеми површини, ИЗИС е должен да излезе и на терен, за да провери дали квалитетот на конструкциите соодветствува со основниот проект за кој е добиена градежна дозвола“, објасни Шешов. 

Тој потсети токму на земјотресите од 2016 година во главниот град, од кои еден беше доволно силен, дека градбите кај нас се квалитетни, бидејќи ниту една не се сруши, а имаше само мали оштетувања на некои од постарите објекти. „Земјотреси имало, има и ќе има. Предвидувањата дали и кога ќе се случат не се наш таргет. Нашата цел е да се градат објекти кои без поголеми оштетувања ќе ги преживеат земјотресите“, објасни Шешов.

Надлежните со порака дека секој што учествува во градба не смее да импровизира, како и дека се битни сите учесници во процесот, проектанти, статичари, надзор, инвеститори во материјали, изведувачи. 

Екипи на ИЗИС следната недела, во координација со Владата и албанската амбасада, ќе заминат за Албанија каде ќе учествуваат во т.н. брза проценка на безбедноста на објектите и практично ќе помогнат во означувањето на оние објекти кои се опасни за натамошно домување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

СОФИЈА МОЛЧИ: Нема осуда за изјавата на Костадинов дека Македонија треба да се припои на Бугарија

СОФИЈА МОЛЧИ: Нема осуда за изјавата на Костадинов дека Македонија треба да се припои на Бугарија

ЈАНКУЛОСКА: Помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост

ЈАНКУЛОСКА: Помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост

НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ: Проверете дали во вашиот град има инфицирани

НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ: Проверете дали во вашиот град има инфицирани

(ГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ ОД ВЕВЧАНИ: Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел oд крневалот

(ГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ ОД ВЕВЧАНИ: Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел oд крневалот

ПАДНА СНЕГ, ВОЗДУХОТ Е ЗА НИЈАНСА ПОЧИСТ: Каде е најзагадено?

ПАДНА СНЕГ, ВОЗДУХОТ Е ЗА НИЈАНСА ПОЧИСТ: Каде е најзагадено?

ТУРЦИТЕ ДАЛЕКУ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Зголемен е бројот на странски туристи во Македонија

ТУРЦИТЕ ДАЛЕКУ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Зголемен е бројот на странски туристи во Македонија

ПОСТАРО ЛИЦЕ Е ЗАГЛАВЕНО ВО КОЧАНСКО: Службите прават напори за негово извлекување

ПОСТАРО ЛИЦЕ Е ЗАГЛАВЕНО ВО КОЧАНСКО: Службите прават напори за негово извлекување