05 Декември, 2025
0.0320

БИКОТ СЕ ВРАТИ НА БЕРЗАТА, НО ТОА ТЕШКО ДЕКА Е ПОВРЗАНО СО СОЛИДАРНИОТ ДАНОК - еве каде аналитичарите ги лоцираат причините

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2025 09:05

Добивај вести на Viber

Една работа е јасна, а таа е дека државата, сакала или не, ќе мора да им ги врати 50-те милиони евра на компаниите, кои своевремено, кон крајот на 2023 година, им беа наплатени како солидарен данок.

Како што е познато, најголема сума на солидарен данок плати „Макстил“, и тоа 4,2 милиони евра, што компанијата го сметаше како голема неправда кон еден економски оператор кој заработил повеќе само и благодарение на своето успешно и домаќинско работење.

А, да потсетиме, солидарниот данок беше креиран така со цел да ги оданочи дополнително фирмите кои најмногу профитирале во 2022 година, односно чија чиста добивка во таа година била несразмерно повисока во однос на просекот од претходните три години. И всушност, целата идеја на тоа екстра даночење беше да се „чепнат“ фирмите кои најмногу ќариле поради енормното зголемување на цените на енергенсите во 2022 година, а што главно беше испровоцираното од нападот на Русија врз Украина.

Целата сума која државата ја прибра од данокот беше околу 50 милиони евра, а сега тие пари ќе треба да се вратат, откако завчера Уставниот суд „пресече“ дека го поништува Законот за солидарен данок. Ова, пак, следуваше откако веднаш после неговата наплата, Стопанската комора поднесе иницијатива за негово преиспитување, бидејќи, како што објаснија, тој имал дискриминаторки карактер.

Првиот човек на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски, вчера објасни дека 156 компании сега имаат право во рок од пет години, доколку сметаат дека со тој закон им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите. А, се знае дека тие пари ќе треба да бидат вратени токму во државниот буџет, каде што всушност влегоа пред година и половина.

„Правната сигурност на субјектите во правото е дека тие мора да имаат правна предвидливост. Тие носат проекции и во тоа се состои суштината на владеењето на правото. Кога владее правото ти знаеш што те очекува, дека оваа година на толку остварен профит, толку данок ќе платам. Сè друго води кон правна непредвидливост и правна несигурност“, изјави Костадиновски.

Од Министерството за финансии вчера децидно изјавија дека ќе постапат по одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник, и ќе ги сервисираат создадените обврски од буџетот.

Тоа го потврди и премиерот Христијан Мицкоски.

„Наместо нови 50 милиони за нешто друго, ние ќе треба да враќаме за хировите и за грешките на накој што ги правел“, нагласи вчера, меѓу другото, премиерот Мицкоски.

Од Левица, пак, реагираа дека, како што рекоа, Уставниот суд, на веќе пресудена работа, спротивно на темелните вредности на Уставот, го укинал единствениот добар закон донесен од минатата власт“.

А, откако неколку дена по ред Берзата светеше во нагласено црвена боја и водечките акции доживеаја надолна корекција на цената од дури вкупно и по околу 10 отсто, вчера се врати бикот на македонскиот пазар на капитал. Берзата засвети во убава зелена боја, па дел од аналитичарите се запрашаа и дали можеби тоа не се должи на најавите дека македонските компании ќе ќарат 50 милиони евра кои не ги очекуваа, на база на враќањето на солидарниот данок.  

Па така, Македонскиот берзански индекс МБИ10 вчера, по неколкудневен пад, за кој пишуваше Фактор, вчера се зголеми за 2,24 отсто.

Се зголемија и цените на клучните акции, па Комерцијална банка отиде нагоре за 3,4 отсто, „Алкалоид“ за 2,33, Макпетрол за 0,54, Тутунска за 4,53, а цената на акцијата на ТТК банка се зголеми за дури 7,95 отсто. Со акциите на Макстил конкретно, која ќе земе најголема сума, вчера немало тргување.

Фактор вчера разговараше со Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Инвест, во смисла дали вчерашната зелена берзанска боја се должи на солидарниот данок.

Тој смета дека нема никаква поврзаност.

„Нема поврзаност. Може да постојат милијарда други причини, објективни и субјективни, но вчерашниот раст нема поврзаност со солидарниот данок“, вели Марковски, додавајќи дека банките, кои се и меѓу главните креатори на индексот, не го ни платија тој данок, така што сега не очекуваат наплата на дополнителни средства.

Според Марковски, во целата претходна година, а од почетокот на оваа, имаше голем раст на цената на акциите, за околу 60 отсто, што објективно изгледало како преценет пораст, бидејќи тој раст беше дури и повисок од европскиот просек. Затоа и според него, настана надолната корекција во претходните денови, додека, пак, вчерашниот раст се должи на фактот што сега веќе инвеститорите процениле дека е паметно да купуваат на корегирани цени надолу за околу 10 отсто.

„Таман работа 50 милиони евра колку што треба да се врати како солидарен данок, и кој нема да го земат мнбогу од котираните компании, да направат толку силен ефект врз берзанските цени“, објаснува Марковски, оградувајќи се дека сепак, причините за претходниот пад и вчерашниот раст, најдобро ги знаат брокерите кои тргуваат со акциите на берзата.

Н.Н.Ф.

Фото: ЕПА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката