15 Декември, 2025
0.4319

БИЛ ИЛИ НЕ БИЛ ХРВАТСКИОТ МЕДИУМ ВО „ПЕСТАЛОЦИ?“: Градоначалникот и директорката демантираат

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2023 16:56

Добивај вести на Viber

Јавноста ја тресат разни информации кои не доаѓаат само од Македонија туку и од целиот Балкан.

Денес, од страна на српскиот медиум Пинк, беше пренесен текст на хрватскиот медиум Недељног, чии новинари наводно биле во училиштето на Вања, „песталоци“ и разговарале со директорката и класната на девојчето.

Меѓутоа, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и директорката на училиштето, Катерина Атанасова демантираат дека била дадена изјава за хрватскиот медиум.

„На ниеден новинар не сум дал дозвола да го посетат Песталоци. Дали новинари смеат да доаѓаат и известуваат од училиштето е одлука на директорката и менаџментот, а било кој вклучително и новинарите, мораат да ги почитуваат нивните одлуки“ рече Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар.

Директорката на училиштето исто така појаснува дека медиумската екипа, која влегла без прашање, веднаш откако била забележана низ ходниците, им било дадено до знаење дека не смеат да снимаат и фотографираат без дозвола. Таа тврди дека новинарите не разговарале ниту со класниот раководител, ниту со неа. 

Од Основото јавно обвинителство пак апелираа да не се шират дезинформации кои можат само да ја потресат јавноста дополнително.

„Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста” рекоа од ОЈО.

Инаку, што се однесува до самата истрага, се уште се чека да се изработи обдукцискиот наод на убиените Вања и Панче.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење