Биљана Ивановска со јасен став: „Ниту пазар со партии, ниту повикувам гласачи“ – демантира дека го поддржува Лабудовиќ
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2025 10:09
Независната кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од првиот изборен круг, Билјана Ивановска, јавно демантираше дека дава поддршка за вториот круг на изборите за било кој кандидат, откако дел од медиумите објавија монтирани фотографии од неа и кандидатот Мирослав Лабудовиќ.
Со кратка, но јасна објава на Фејсбук, Ивановска појасни дека не стои зад ниту еден кандидат, ниту учествува во политички пазари:
„Да бидам јасна, ниту со партии пазар правам, ниту повикувам гласачи. Секој нека си гласа по свое убедување и одговорност“, напиша таа.
Лабудовиќ во неколку настапи изјави дека со Ивановска имале „слични ставови и визија за Центар“ и дека очекува нејзините гласачи да застанат зад него во недела.
Слична ситуација имаше и на почетокот на кампањата. Тогаш Лабудовиќ тврдеше дека добил поддршка од Здружението на пензионери на Општина Центар – тврдење што веднаш го негираше претседателот на здружението, Злате Стефановски, со појаснување дека „ниту имало средба, ниту е дадена било каква поддршка“.
Во недела, Центар повторно гласа. Во вториот круг ќе се соочат актуелниот градоначалник Горан Герасимовски и кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ. Во првиот круг Герасимовски освои 8.535 гласа, а Лабудовиќ 5.707 – разлика која, според повеќето анализи, го прави актуелниот градоначалник фаворит и во финалето.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




