Билјана Јовановска: Жените, ако сакаат, ќе можат да работат до 64 години
Објавено во: Економија 17 Мај, 2021 10:06
Билјана Јовановска, директорката на Фондот за пензиско-инвалидско осигурување, во емисијата „Утрински брифинг“ потврди дека со новиот предлог-закон кој е во Собрание жените ќе може да работат до 64 години, додека истата возраст останува задолжителна и за мажите.
- За жените останува редовното пензионирање на 62 години, но ќе може да се пензионираат и на 64, по нивен избор, додека кај мажот останува границата од 64 години, рече првиот човек на ПИОМ.
Јовановска вели дека во приватниот сектор оној што сака да се пензионира подоцна, со пријава во задолжителното социјално осигурување, ќе може да ја стави пензијата во мирување.
Таа додаде дека со новиот закон кој допрва треба да биде изгласан, пензискиот буџет нема да претрпи намалување на финансиите.- Импликации нема да има, нема да има никакви репрекусии, затоа што имаме инвестиции и најави за отворање на нови работни места, вели Јовановска.
Директорката вели дека оваа година зависноста на фоднот од државниот буџет е намалена на 38 проценти во година на ковид-криза и дека уплатите одат според планираната динамика и дека евентуално зголемување на просечната пензија со интервенција на Владата ќе се разгледува во јули.
Показателите во првите четири месеци покажуваат тренд на зголемување на просечната пензија. Кога ќе се стабилизира економската ситуација, сигурна сум дека Владата со низа мерки ќе направи усогласувања со просечната плата, смета Јовановска.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




