Бимилк со традиционална поддршка за децата од СОС Детско село при почетокот на школската година

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2024 10:51
Бимилк традиционално и оваа година ги поддржа децата од СОС Детско село при почетокот на школската година и со тоа уште еднаш ја потврди својата грижа за децата и младите без родители. Како општествено одговорна компанија, Бимилк продолжи со своето стратешко партнерство со СОС Детско село преку редовна месечна финансиска помош, овозможувајќи полесно вклучување на децата во образовниот процес. Дополнително, оваа година, компанијата ја прошири својата општествена ангажираност со поддршка на хуманитарната трка IT4Charity.
„Бимилк е стратешки партнер на СОС Детско село и со тоа имаме воспоставено релација на долготрајна помош и поддршка за децата и згрижувачките семејства. Поддршката на IT4Charity иницијативата за нас е уште еден начин за помош на ранливата категорија, на децата без родителска грижа и децата кои се дел од нашата иднина и на кои им е потребна дополнителна помош за полесно да влезат во образовниот процес и да можат да станат одговорни членови на заедницата. Затоа сме горди што преку поддршката на трката IT4Charity, дадовме уште поголем придонес кон оваа навистина убава иницијатива и ја зголемуваме свесноста за потребите на децата како ранлива категорија“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК.
Хуманитарната трка IT4Charity оваа година доби на масовност со рекордниот број учесници од компании од IT секторот. Средства од трката се наменети за професионална поддршка на згрижувачките семејства и децата што вклучува експерти како психолози, логопеди, дефектолози, социјални работници, како и тренинзи и консултации за родителство со предизвик.
Проектот има големо значење за СОС Детско село од каде изјавуваат дека: „Презадоволни и преблагодарни сме. Годинава ги надминавме сите досегашни резултати, и по бројот на компании донатори, и по бројот на пријавени учесници, но и по собраните средства. Особено сме горди што 9 нови компании ја препознаа мисијата на СОС Детско село и ја поддржаа овогодинешната хумана донаторска инцијатива IT4Charity“, велат од СОС Детско село.
Можеби ќе ве интересира
Трчај за тие што не можат: Хуманитарната трка Wings For Life World Run ќе се одржи на 4ти мај!

Издржаа и кога не беше возможно: „Fashion weekend Skopje“- единствената светлост на македонската модна креативност

Депозит што работи за тебе – парите се достапни во секое време, а добивката фиксна

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024” според вработените

PKS станува член на WTCA, Светскиот трговски центар Белград се отвора пред EXPO 2027

Мапа за инвеститори - Водич за компании на кои им е важен одржливиот развој на државата

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“
