29 Април, 2024
0.0276

БИОЛОШКИОТ ТАТКО НА ДЕТЕТО ДА НЕ БИДЕ ИСФРЛЕН ОД НЕГОВИОТ ЖИВОТ АКО МАЈКАТА ИМА ДРУГ СОПРУГ- каков закон предлагаат двајцата пратеници на Левица

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Биолошкиот татко на едно дете, без разлика што тој не е во брак со мајката, да добие поголеми права при утврдување на сопственото татковство, но и при оспорување на татковството на човекот кој во моментот и е брачен другар на мајката. Или попрецизно, вистинскиот татко да не биде спречен да биде запишан како татко на детето, доколку за тоа не дал согласност новиот сопруг на мајката.

Ваков закон предлагаат двајцата пратеници од опозициската партија Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, сакајќи, како што велат, да исправат една долгогодишна неправда која со сегашните законски решенија се прави врз биолошкиот татко на детето.

Тие во Собранието поднесоа предлог за измени на Законот за семејство, со кои сметаат дека ќе им се олесни во правните постапки на биолошките татковци, кога треба да се утврди нивното татковство, или кога треба да се оспори татковството на брачниот другар на мајката.

Законот за семејството е донесен во 1992 година. Како што објаснуваат и самите пратеници предлагачи на законските измени, се појавила потребата од донесување на нов модерен Закон за семејството, со кој ќе се пополнат правните празнини.

Во една одредба од сегашниот закон, регулирано е кој се смета за татко на детето родено за време на бракот или во рок од 300 дена по неговиот престанок. Оваа одредба во пракса секогаш се применува за случаите кога детето е родено за време на траење на брачната заедница, во случаи во кои по автоматизам како татко на детето се запишува брачниот другар на мајката, без оглед дали тој е биолошки, односно природен татко на детето.

За татко на дете родено надвор од брак се смета лицето кое ќе го признае детето за свое и тоа пред матичар, пред Центарот за социјална работа или пред суд - доколку со тоа се согласи мајката на детето, а кога детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност. 

Утврдувањето на татковство по сила на овој закон може да се оствари по судски пат кога детето е родено надвор од брак, односно кога во изводот од Матичната книга на родените за детето не е запишан вистинскиот татко на детето. Како подносители на тужбата за утврдување на татковство по судски пат може да се јават следниве лица. Прво, оној кој дал изјава за признавање на татковство, кога мајката на детето и детето постаро од 16 години не дале согласност или не се изјасниле во предвидениот рок. Потоа, старателот, со одобрение на Центарот за социјална работа, додека трае старателството, а најдоцна до навршена 21 година од  животот на детето. Исто така, подносител на тужба може да биде Центарот за социјална работа, по службена должност, доколку мајката во вршењето на родителското право ги занемарува интересите на детето и не покренала постапка за утврдување на татковствто.

Кога станува збор за оспорување на татковство по судски пат, како подносители на тужбата за оспорување на татковство може да се јават само или брачниот другар кој е запишан како татко на детето во изводот од матичната книга на родените, на дете родено за време на траењето на бракот кое го родила неговата брачна другарка  или пред истекот на 300 дена од престанокот на бракот, или неговиот старател ако тој е лишен од деловна способност и тоа во  рок од три месеци од денот на дознавањето за раѓањето на детето, или мајката на детето, во рок од три месеци од раѓањето на детето, како и самото дете.

„.. Особено е важно ускратувањето на правото да се утврди биолошката врска на детето со неговите вистински родители, односно на родителот со детето, како клучен факт во оваа правна ситуација која законот не смеел да ја исклучи. Со постојното и несфатливо законско ограничување, вистинскиот биолошки родител е оневозможен во остварување на правото за оспорување на татковството на детето - преку ускратување на правото за утужување, со што законодавецот при носење на законот ги  нарушил членот 25 од Уставот и членот 8 од Европската  конвенција за заштита на човековите права“, се вели во образложението кое го доставиле пратениците предлагачи на законските измени.

Според нив, „оваа недоследност и законска  неуреденост во голем број постапки за утврдување, односно оспорување на татковство кои се водат пред надлежните основни граѓански судови, во целост ја ускратуваат можноста на друго лице да се запише како татко, кога со материјални докази ќе докаже дека е негов биолошки родител односно татко, на дете родено во брачна заедница на мајката со друг маж, кој по сила на законот е запишан како татко, односно  детето го признал за свое“.

Односно, како што нагласуваат - уписот на татковство во овие ситуаци единствено е можно само доколку постои согласност на брачниот другар со кој мајката на детето е во брачна заедница, но не се ретки и ситуациите кога и покрај ова материјално докажување на родителската врска, брачниот другар согласноста не ја дава, а биолошкиот татко (заради законската неуреденост) истото не може да го оствари!?

„Поради фактот што постојниот закон му овозможува на брачниот другар на мајката (кој не е вистинскиот татко) во Изводот од матичната книга на родените за детето да се запише како татко на детето, а со тоа и му дава законски основ за потреба од негова согласност кога се бара признавање на татковство на детето од друго лице (кое е биолошкиот родител), за кое се дознало за  време на траење на бракот и заради  многуте случаи во нашата судска пракса, каде токму ваквата интерпретација на законот предизвикува правна несигурност и недоследност во остварување на ова право, потребно е итно донесување на овие законски измени и дополнувања“, велат пратениците.

Според предлагачите, иако законот не предвидел можност, биолошкиот – природниот татко на детето кое е родено за време на „траење на брачната заедница“ меѓу мајката и нејзиниот брачен другар, односно лицето кое е запишано како наводен татко на детето, да биде подносител на тужба со која се оспорува уписот на брачниот другар по автоматизам за тактко на детето родено за време на траење на бракот, сепак во пракса група на граѓани кои ја имаат оваа потреба се спречени во остварување на ова фундаментално натурално право и упишување на татковство преку природна, односно вистинска врска.

„Бидејќи формулациите на постојните одредби во Законот за семејство целосно го дискриминирааг биолошкиот-природниот татко на детето за утврдување или оспорување на татковството дури и кога поседува несоборливи материјални докази од кои произлегува фактичката состојба, на пример форензичко вештачење по ДНК-отисок, потребно е донесување на Предлог законот за изменувње и дополнување на Законот за семејството“, напишале во образложението двајцата пратеници од Левица.

Според нив, основните решенија кои ќе се постигнат со овие засега предлог законски измени, е прецизирање на одредби со кои ќе се регулира постапка во т.н. патернитетни спорови заради утврдување и оспорување на татковство, која ќе има можност покрај законски предвидените подносители на тужбата, да може и друго/надворешно лице, односно на биолошкиот родител на детето in concreto да ја поднесе заради утврдување или оспорување на татковството.

Пратениците сметаат дека овие законски измени треба да се донесат по скратена постапка, бидејќи не се работи за сложен и обемен закон.

„Трето лице  кое  се смета себеси за татко на дете родено надвор од брак или за време додека трае бракот со друг брачен другар, може да го оспори татковството на друго лице кое тоа дете го признало за свое, ако истовремено побара да му се утврди татковство. Тужбата од ставот 1 на овој член може да се поднесе до навршување на полнолетство на детето“, се вели во новата одредба која се додава со законските измени.

Се воведува и одредба со која „странки во спорот за утврдување на татковство се лицето чие татковство се утврдува, детето и мајката на детето“.

Сепак, ако овои законски измени се усвојат, сите почнати постапки во споровите до денот на нивното влегување во сила, ќе завршат согласно одредбите од сегашниот закон. 

фото: Freepik

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце