16 Октомври, 2024
0.0262

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

- Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и додаде дека сепак не очекува да има никакви промени. 

- Сега ние во пресметките сме влезени со цена на природниот гас од околу 40-ина евра за мегават час, ако отиде екстремно високо тогаш може да разговараме за зголемување на цената на парното, но, не верувам дека ќе имаме такви драстични промени, така што за цената на парното не очекувам никакви промени, изјави Бислимоски на паузата на состанокот на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија чиј коорганизатор е РКЕ.

Смета дека земјава нема да има никаков проблем во снабдувањето на природен гас. 

- Во Македонија природниот гас доаѓа преку т.н. Турски тек, доаѓа од Турција, така што нема никаков проблем за да дојде гасот. Во овој момент некаде нешто помалку од половината од постојниот гасовод е искористен, а во план е да се направи нова интерконекција со Грција која што ќе има далеку поголем капацитет од постојната, така што обезбедувањето на природниот гас во наредниот период нема да биде проблем, посочи Бислимоски.

Прашан дали може градоначалник на општина да побара грејната сезона за основните училишта наместо од 15 октомври, како што е вообичаено, да почне од 1 ноември, Бислимоски рече дека тоа е одлука на самиот потрошувач. 

- Ние имаме правила за снабдување и компаниите коишто се задолжени за тоа се обврзани да започнат со испорака на топлинска енергија. Сега таму каде што има калориметри не во згради, туку во индивидуални куќи, самиот сопственик може да каже јас сега ќе бидам исклучен, па ќе се вклучам кога ќе биде поладно. Така што, во насока на ова го гледам тоа што го направиле во Општина Карпош. Значи, тоа е одлука на самиот потрошувач, рече Бислимоски. 

Во Скопје, како што посочи, моментално температурите се релативно високи, така што верува дека ќе нема никаков проблем. 

- Факт е дека сите општини во Градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени трошоци за топлинска енергија. Ние токму за оваа категорија на потрошувачи во февруари годинава еднаш ја намаливме за 35 проценти цената за топлинската енергија, и сега во јули ја намаливме за дополнителни 20-ина проценти со цел да ги растовариме пред се основните училиштата, средните училишта и градинките, истакна Бислимоски.

За поплаките дека вчера и денеска немало парно греење во некои објекти рече дека се вообичаени за почетокот на грејната сезона и додаде дека оваа година нема голем обем на жалби, а и временските услови се поволни.

- Сега има мала испорака на топлинска енергија. Ние сме во комуникација и со ЕСМ дистрибуција, излезени се на терен. Може да има поплаки навистина да има проблеми и веднаш ќе бидат решени. Компанијата е транспарентна, објави дека имало проблеми – не можат да пристапат до топлинските станици, немаат клуч, некој треба да им отвори, има одредени објекти каде што не се платени сметките за електрична енергија и пумпите не работат, значи тоа се вообичаени работи. Но, тоа нема никаква поврзаност со топловодот под мостот Беласица, посочи Бислимоски.


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ВИНСКА ИЗМАМА: Серија апсења во Франција и Италија

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ВИНСКА ИЗМАМА: Серија апсења во Франција и Италија

УНИ БАНКА СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - ќе изврши исплата на полугодишна камата со каматна стапка од 6 отсто

УНИ БАНКА СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - ќе изврши исплата на полугодишна камата со каматна стапка од 6 отсто