16 Октомври, 2024
0.1614

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Двете најголеми одбранбени компании од Италија и Германија, Леонардо и Рајнметал, основаа големо заедничко претпријатие за производство на тенкови.

Договорот за основање заедничка компанија е потпишан денеска на свечена церемонија во Рим, пренесува Анса.

Компанијата „Leonardo Rheinmetall Military Vehicles“ (LRMV) ќе има седиште во Рим, а производството ќе биде концентрирано во италијанскиот град Специја.

Двете компании ќе имаат по 50 акции во заедничкото вложување.

Главната задача на „ЛРМВ“ е развој и производство на главниот борбен тенк за италијанската армија, кој треба да ги замени застарените тенкови Ариета и Дардос.

Италијанско-германската тенковска алијанса беше формирана за да исполни нарачка вредна повеќе од 20 милијарди евра во текот на 10 години за италијанската армија за 280 тенкови и повеќе од илјада лесни возила.

„ЛРМВ“ истовремено ќе биде насочен кон извозот и можностите на идната програма за новиот европски тежок тенк „Main Ground Combat System“, а овој пазар, според проценките, вреди над 50 милијарди евра.

Најголем дел од активностите на компанијата (60 отсто) ќе се вршат во Италија.

Генералниот директор на Леонардо Роберто Чинголани истакна дека ова е значаен чекор кон создавање на европски одбранбен систем заснован на заеднички специјализирани платформи.

„Rheinmetall и Leonardo имаат за цел да развијат најсовремени технологии способни да се натпреваруваат на меѓународно ниво“, рече тој.

Генералниот директор на компанијата Рајнметал, Армин Пејпергер изјави дека со формирањето на „ЛРМВ“ се создава „нова тешка категорија во европското производство на тенкови“.

„Леонардо и Рајнметал, два водечки европски даватели на одбранбена технологија, ги здружуваат силите за да имплементираат амбициозни проекти. Најпрво го таргетираме италијанскиот пазар, но ќе се свртиме и кон другите земји партнери кои ќе треба да ги модернизираат своите борбени системи во иднина“, вели тој. Папергер истакна и додаде дека Рајнметал има „совршени технологии“ за потребите на Италија.

Шефот на германскиот одбранбен концерн претходно ги повика европските земји да создадат поголеми и поспецијализирани одбранбени групи за да се натпреваруваат со американските компании.

Б92

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ВИНСКА ИЗМАМА: Серија апсења во Франција и Италија

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ВИНСКА ИЗМАМА: Серија апсења во Франција и Италија

УНИ БАНКА СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - ќе изврши исплата на полугодишна камата со каматна стапка од 6 отсто

УНИ БАНКА СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - ќе изврши исплата на полугодишна камата со каматна стапка од 6 отсто