16 Октомври, 2024
0.0264

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Според Блумберг, германската економија е во блага рецесија. Медиумиот пишува дека економијата е во стагнација. 

Во третиот квартал годинава, германската економија благо се намали за 0,1 отсто, а на крајот на 2024 година нема да забележи раст, туку стагнација, се вели во прогнозата што ја објавија аналитичарите на Блумберг

Доколку се остварат предвидувањата, тоа би значело дека државата по два последователни квартали со економски  пад од 0,1 отсто, моментално е во техничка рецесија. Следната година се очекува Германија да има економски раст од 0,8 отсто.

Индустријата и понатаму е „Ахилова пета“ на Германија, коментира аналитичарот на Рабобанк, Ерик-Јан ван Харн. Проблемите на германската економија главно се должат на прекинот на испораките на енергија од Русија, разочарувачката извозна побарувачка од Кина, проблемите во автомобилската индустрија и недостатокот на квалификувани работници.

„Германија, исто така, би можела да ја заврши оваа година со економски пад“, изјави минатата недела претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

Во екот на пандемијата на коронавирусот, Германија влезе во рецесија. 

Можеби ќе ве интересира

КАЗАХСТАН НЕ САКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БРИКС: Кој е приоритетот?

КАЗАХСТАН НЕ САКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БРИКС: Кој е приоритетот?

УНЦА НАД 2.600 ДОЛАРИ: Зошто расте цената на златото?

УНЦА НАД 2.600 ДОЛАРИ: Зошто расте цената на златото?

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината