16 Октомври, 2024
0.0262

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Компанијата Современ дом од Прилеп избира нови членови на Одборот на директори, чии мандат ќе трае во следните четири години.

Одлуката за избор на нови членови на директорскиот борд треба да ја донесе Собранието на акционери, на седница која е закажана за 15 наредниот месец. 

За членови на Одборот на директори со мандат во времетраење од четири години ќе бидат избрани Жаклина Серафимова, Ацо Дудулоски, Виолета Дудулоска Алавања, како и Коце Јанески, кој ќе биде независен член на Одборот на директори.

Од Современ дом информираат и дека Одборот на директори на својата конститутивна седница ќе треба да да избере претседател и да назначи извршен член. 

На неизвршните членови на Одборот на директори им следува паушал по седница во нето износ од 3.000 денари. 

„Извршниот член на Одборот на директори има право на плата и други права согласно закон и статут, а кои подробно ќе се уредат во Договорот за уредување на односите меѓу друштвото и извршниот член“, се вели во предлог одлуката за која ќе гласаат акционерите на седницата на 15 ноември. 

Инаку, Ацо Дудулоски, Коце Јанески и Жаклина Серафимова претходно ќе бидат отповикани од членови на Одборот, поради престанување на мандатот, што значи дека тие добиваат нов четиригодишен мандат.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

Сепак нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа до крајот на годината

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ВИНСКА ИЗМАМА: Серија апсења во Франција и Италија

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ВИНСКА ИЗМАМА: Серија апсења во Франција и Италија

УНИ БАНКА СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - ќе изврши исплата на полугодишна камата со каматна стапка од 6 отсто

УНИ БАНКА СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - ќе изврши исплата на полугодишна камата со каматна стапка од 6 отсто