Битиќи: Арбитражните постапки кои се водат против Македонија достигнуваат 1,3 милијарди евра
Објавено во: Економија 25 Август, 2023
Вредноста на арбитражните постапки кои се водат против Македонија периодов достигнуваат дури 1,3 милијарди евра. Ова го соопшти вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бесими, кој дополни дека овие постапки се координирани од телото за арбитражни постпака.
Од вкупната вредност на постапките, најмалку 110 милиони евра побарува албанската групација „Амадеус“ за проектот „Шпански скали“, за кој се води и судска постапка.
Побарувања има и италијанската ФЦЛ Амбиенте која Град Скопје во 2011 и 2012 ја избрал за свој партнер за инвестирање, управување и работење со депонијата Дрисла, за која во 2017 и 2018 година Управниот и Вишиот Управен Суд носи пресуди со кои Судот го поништува решението за избор на ФЦЛ Амбиенте за приватен партнер за управување со депонијата.
Во 2019 година со одлука на Град Скопје тендерот за приватен партнер на градот за депонијата Дрисла е поништен.
Ова се само два од неколкуте примери каде преку арбитражна постапка се бара оштета од Македонија.
Сето ова, според вицепремиерот Битиќи е поради неодговорното работење на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години.
- Несовесното раководење, договорите во четири очи и негрижата за јавното добро и години по владеењето на ВМРО – ДПМНЕ ја изложуваат нашата држава на ризици и парите на нашите граѓани место да бидат употребени во развојни проекти ќе треба да се користат за одбрана на државата и нејзините интереси пред меѓународните судови - кажа Битиќи.
Истакна дека Владата преку Координативното тело за следење на арбитражни постапки, произлезени од меѓународни договор со кое тој лично претседава, ќе стори се за да го заштити интересот и меѓународниот углед на државата.
- Веднаш се преземени дејствија и навремено се започнати сите процеси со цел соодветна заштита на правните интереси на државата и секако јавните добра, затоа што евентуалното непреземање на правни дејствија би значело евентуално губење на ваквите спорови пред меѓународните судови, за што во минатото има такви пракси.
Токму за оваа цел во 2017та е формирано координативно тело за следење на арбитражни постапки, произлезени од меѓународни договор, со кое јас претседавам, а во него членуваат министрите за економија, финансии и правда, и државниот правобранител на Македонија - појасни Битиќи.
Задачата на ова тело е да обезбеди координативен пристап на прашањата поврзани со следење на активностите поврзани со решавање на спорови кои се водат или ќе се водат пред договорени меѓународни арбитражи.
- Задачите на координативното тело не ја исклучуваат надлежноста на институциите кои се вклучени во постапките. Доброто правно застапување е важно за угледот на државата бидејќи добиениот спор пред меѓународните судови го потврдува владеењето на правото во нашата држава и дава позитивен сигнал пред инвеститорите. Арбитражните постапки кои се водат против државата, а се координирани од телото за арбитражни постапки во моментов се со проценета вредност од 1.365.000.000 евра. Сите постапки се за периодот пред 2017 година, кога се настанати наводните прекршувања на меѓународни договори за заштита на инвестиции - посочи Битиќи на денешната прес-конференција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.