27 Ноември, 2024
0.0307

Битиќи најави антимонополска акција против картелите со високи цени

Објавено во: Економија 12 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска потврди дека имал работен состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за да се започне поширока акција против евентуалните картели кои во трговијата формираат неподносливи цени на производите за граѓаните.

- Ги изнесов моите согледувања и врз основа на тоа да постапат во одредените сектори за кои заеднички сметаме дека треба соодветно да се делува. Тоа ќе го направат во соработка со ресорните министерства, пазарниот инспекторат и сите други институции кои што можат да бидат повикани, рече Битиќи.

На состанокот се зборуваlo за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Вицепремиерот додаде дека акцијата ќе биде процес во кој не може да се очекува брзи резултати, бидејќи истраги кои алудираат на евентуално договарање на цени бара подолго време.

- Искуството покажува дека истрагите може да траат до една година, но првите резултати биле постигнувани веднаш откако започнала постапката. Ние алудираме на тоа дека имало планско здружување и сметаме дека имало одредено договарање на одредени трговци и други чинители кои нанеле штета и сметам дека тоа може да се поправи при самата постапка на КЗК, смета Битиќи.

Тој најави дека истрагата ќе започне за брзо време.

- Ќе започне најбрзо што е возможно. Јас сосема сум свесен за нивниот човечки капацитет и ресурси. Ќе треба да ги постават тезите за кои што денеска разговаравме за да можат да излезат на терен, а мислам дека тоа ќе го направат најбрзо што е возможно и соодветно на тоа ќе има реакција од сите, кажа вицепремиерот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи