Битиќи: Никогаш не сме давале неповратни буџетски пари за плати, но еве, грешката била што тогаш не го нарековме кредитирање, а било тоа
Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2021
Никој нема да биде изоставен од мерките. И претходната помош не беше безусловна. Некој вели дека тоа биле неповратни средства. Но, најверојатно информациите немаат допрено до сите, бидејќи треба да се исполнат одредени услови за таа помош да стане неповратна.
Ова денеска го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, околу владините најави дека ќе се менува моделот за помош на фирмите, па наместо диртектни субвенции за исплата на плати, ќе се даваат бескаматни кредити, од кои дел може да се претвори во грант.
„Истиот механизам го користиме и сега, двете опции се во разговори со стопанските комори, и со синдикатите, и најверојатно оваа недела ќе треба да пресечеме заеднички, која е најдобрата опцоја, најдобриот пакет, имајќи предвид дека полека заздравуваме, а на Македонија и треба еден рестарт на економијата“, рече Битиќи.
Според него, ваучерите беа ад хок мерка, опфатени беа речиси 700.000 граѓани. Но, во сетот мерки кој сега се предвидува, најавува тој, има поголема мерка која ќе опфати поголем број граѓани, и се однесува директно до граѓаните, а тоа е отпишување на каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, без разлика дали се на локално, или на национално ниво, која е директна помош до самите граѓани.
На прашањето на кој начин ќе се доделуваат бескаматните кредити, Битиќи со одговор.
„Евентуалната замена на мерката со бескаматни кредити преку Развојната банка ќе биде само супститут, условите и критериумите треба да останат исти, и сите на кои им е потребна да ја добијат помошта. Не е класична кредитна линија, нема да се слулчи некому да кажеме - нема пари. Никој нема да биде изостсавен. Но, опаѓа бројот на компании на кои им треба помош. Ако ја видиме просечната исплатена плата за вработен во април исплатената плата била 14.500, а во декември 15.800. Значи дека некои компании добиле и цела бруто плата, но тоа е малку е процентуално“, вели Битиќи.
Тој очекува неделава да биде финализиран петтиот пакет мерки, ако се постигне согласност со сите засегнати страни.
„Пакетот би бил меѓу 50 ио 60 милиони евра, но ако гледаме како фискални импликации би биле околу 150 милиони евра, но се уште се гледаат деталите. Оваа недела со министерот за финансии, за економија и другите ресорни министерства ќе ги усогласиме деталите“, рече вицепремиерот.
Според него, во владините мерки не може да се зборува за популизам.
„Ако видиме дека 700.000 граѓани добија директна финансиска поддршка, а ако ја видите целата владејачка коалиција, нема земено 700.000 гласови. Ако беше директен популизам, тоа значеше дека сега ќе владеевме како Северна Кореја, затоа не е популизам. Со стопанствениците ќе дојдеме до брзо до разбирање“, рече Битиќи.
Повтори дека никогаш немало неповратни финансиски средства за плати, секогаш фирмите требало да исполнат одредени услови, ако не - ќе ги вратат, и тоа е во суштина еден вид на кредитирање, еве грешката била дека не сме го кажале тогаш кредитирање, а сега го кажуваме, а било кредитирање.
Додава дека одговорноста за зачувување на работните места и човечкиот капитал не може да ја сноси само едната страна. Односно, Владата помага, но треба за работниците да се грижат и работодавачите.
Според последните проценки, до 31.12.2020 директни средства платени од буџет се 350,4 милиони евра, и овде не влегуваат парите платени во јануари.
„Дополнителнпо, трите најгфолеми законски решенија, кои требаше да вбризгаат 250 милиони евра во стопанството, веќе два и пол месеци се заглавени во Собранието, токму од тие кои критикуваат за популизам“, се пожали вицепремиерот за економски прашања.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.